Во петок, на 09.03.2018 година, тимот на КК „Пелистер“ – Битола го посети нашиот дијагностички центар во Битола!

Статистиките велат дека 13% од вкупниот број на повреди на окото и губење на видот се додека вежбаме. Се разбира, веројатноста за повреда на очите зависи од видот на физичка активност, а како високо ризични спортови за ваков тип на повреди се сметаат тимските спортови во кои што спаѓа и кошарката. Покрај повредите, за секој спортист е важно да има и добра визуелна способност и перцепција, заради прегледноста на играта на терен. Доколку настане повреда на око, треба веднаш да се реагира за да може да се санира. Одредени повреди може да се лесни, со краткотрајни последици додека постојат и такви повреди на очи кои резултираат со сериозни крварења, поради што може да настане губење на видот, па дури и губење на око.

Затоа, нашите кошаркари на КК „Пелистер“ ја одбраа „Систина Офталмологија“ во Битола за да го проверат својот вид и здравјето на своите очи.

„Им ја препорачувам „Систина Офталмологија“ – Битола на сите луѓе, посебно на спортистите, бидејќи при тие дуел – игри често доаѓа до повреда на нашиот вид и вклучувајќи го тоа дека некои од нашите играчи имаат проблем со диоптријата, мислам дека почесто треба да правиме контрола на нашиот вид, бидејќи ни е потребно на нас како спортисти во текот на играта да имаме прегледност.“ – вели Димитар Илиевски, крилото на КК „Пелистер“.

Напред „Пелистер“! Ви посакуваме многубројни победи и успеси понатаму. Нашиот тим во Битола секогаш ќе биде со вас да ве бодри и да се грижи за здравјето на вашите очи!