Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Отстранетете ја катарактата со брза операција

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД
history

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

10 минути.

christmas-stars

ОПЕРАЦИЈА

брза и безболна.

eye-variant-with-enlarged-pupil

БЕНЕФИТИ

долготраен појасен вид.

КОНТАКТИРАЈ НЕ ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД
history

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

10 минути.

christmas-stars

ОПЕРАЦИЈА

брза и безболна.

eye-variant-with-enlarged-pupil

БЕНЕФИТИ

долготраен појасен вид.

ШТО Е КАТАРАКТА?

Катаракта (перде) е една од најчестите очни болести која се појавува на постара возраст, болеста се јавува како последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа и единствен начин да се третира е со операција.

ДАЛИ СТЕ КАНДИДАТ ЗА ОПЕРАЦИЈА?

Операција на катаракта (перде) може да се изведе и кај деца и кај возрасни лица.

Операцијата на катаракта (перде) не е ризична и може да се направи без никаква пречка кај лица кои се во подоцнежната доба, како и лица со други здравствени проблеми: висок притисок; дијабетес; лица кои се на дијализа и сл.

КАКВА Е ОПЕРАТИВНАТА ПРОЦЕДУРА?

1. Преглед за катаракта –  Потребно е најпрво да закажете преглед со еден од нашите доктори. На денот на прегледот, подготовката ја започнува медицинската сестра а прегледот продолжува со офталмологот, и доколку има потреба со оптометрист. Пред самиот преглед не се потребни посебни подготовки од ваша страна, а прегледот и операцијата може да се направи во ист ден.

2. Предоперативна подготовка – Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Доколку сте пациент со хронични болести, во зависност од терапијата која ја примате, ќе имате посебни подготовки за кои ќе бидете информирани на денот на закажување на операцијата.

3. Операција на катаракта – Операцијата е еднодневна хирургија, трае до 20 минути и во текот на операцијата вие сте будни, не чувствувате болка и разговарате со хирургот. Пред операцијата ќе ви бидат ставени анестетски капки а од прилика половина час после операцијата, ќе можете да си одите дома, без никакви преврски освен на ваше барање.

4. Постоперативна процедура – После операцијата, ќе ви бидат дадени  писмени насоки за постоперативната нега. Вашата прва контрола е следниот ден, додека пак следната е за 7 дена и за 1 месец. Во првите 3 дена по операцијата, препорачливо е да се избегнува миење на лицето со обична вода и триење на окото, а во првиот месец потешки напори.

ЦЕНОВИК ЗА ОПЕРАЦИЈА НА КАТАРАКТА

Наведените цени се однесувааат по око. Целосниот ценовник може да го погледнете тука.

Вградување на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

48.500,00

Вградување на монофокална леќа (SA)

Mонофокална едноделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

55.900,00

Вградување на монофокална леќа (SN)

Moнофокална асферична жолта интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

67.500,00

Вградување на монофокална торична леќa

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

92.500,00

Вградување на мултифокална леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Вградување на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Отстранување на птеригиум (надворешно перде)

Цената се однесува на едно око.

18.000,00

ИСКУСТВА ОД ПАЦИЕНТИ

„Во Систина Офталмологија сите работат како едно и со една цел – задоволство на пациентите“
ДРАГИЦА ТОНЕВСКА
„По интервенцијата, функционирам сосема нормално, ги обавувам своите бизнис задачи и спортски сум активен – без ограничување.“
Бојан Крижај
„Јас ја најдов златната рипка моја. Систина Офталмологија ми го врати видот.“
Валентин Николоски

Локации на центри

  • Систина Офталмологија Скопје

    ул. Скупи бр.5А, Скопје (во склоп на КБ Аџибадем Систина)
    Контакт: 02 309 7000

  • Систина Офталмологија Битола

    ул. Никола Тесла бр.158, Битола
    Контакт: 047 226 900
    Контакт: 070 355 900

  • Систина Офталмологија Тетово

    бул. Видое Смилевски Бато  бр.1 -1/3, Тетово
    Контакт: 044 357 111
    Контакт: 072 799 111

  • Систина Офталмологија Штип

    бул. ЈНА бр. 2, Штип
    Контакт: 032 307 100
    Контакт: 071 220 206

  • Систина Офталмологија Куманово

    бул. Македонска ударна бригада , 1300 Куманово
    Контакт: 031 374 100
    Контакт: 072 809 800