
Подобрување на искуството на пациентот преку зајакнување на лојалноста, градењето на репутацијата и брендот, како и потикнувањето на користење на услугите на болницата со помош на упатување на препорака до најблиските, може да и помогне на здравствената установа да ги подобри своите финансиски резултати.
Во споредба со оние со понизок рејтинг, здравствените установи кои нудат подобро искуство заработуваат несразмерно повеќе и е докажано да имаат поголема профитабилност.
Дополнително, болниците со подобро искуство кои ја надминуваат својата конкуренција на долгорочен рок се насочуваат кон приоритизирање на приходот пред трошоците. Со други зборови, тие покажуваат тенденција и се стремат кон тоа да ги зголемат своите приходи преку цена и обем, наместо со намалување на трошковите. Овој начин на работа исто така важи и како стратегија за подобрување на искуството на пациентите.
Исто така, при проучувањето на поврзаноста помеѓу искуството на пациентот и профитабилноста на болницата, е докажано дека здравствени установи каде вработените се со високо ниво на ангажираност го зајакнува искуството на пациентот a со тоа воедно и ги подобрува и финансиските достигнувања на болницата.
Истражувањата на Deloitte за потрошувачите на здравствена заштита во USA кои биле направени во 2015, покажаа дека мерките за поттикнување на ангажираноста на вработените (како што се квалитетот, комуникацијата и одговорноста на истите), меѓу другите, биле најзначителните фактори во подобрувањето на искуството на пациентот. Подобрување на работната средина на вработените во болницата, особено на медицинските сестри, дополнително било докажано дека може да води до напредок на искуството на пациентот.
Истражувања направени во 2009 од страна на Health Affairs на 430 болници, исто така покажале дека квалитетот на работната средина на медицинските сестри позитивно влијае на повисоки оценки на анкетите за искуството на пациентот.
Анализите исто така покажуваат дека размерот на медицински сестри и лекари во однос со еквиваленти со полно работно време е малку повисок во болници каде искуството на пациентот е на високо ниво. Овие болници, во просек, имаат тенденција да имаат повисоки плати и да нудат подобри бенефиции, во споредба со болниците кои имаат пониски оценки за искуство но не и со оние кои се умерено рангирани.
Кога станува збор за VBP програмата, според изведените анализи, истата е докажано дека малку придонесува и има мал удел во подобрување на искуството на пациентот.
Подолу може да видите кои фактори, базирани на истражувањата направени, пациентите ги одвојуваат како клучни за стекнување на позитивно искуство и мислење кон здравствените установи.
