Тековните настани наложија сè повеќе луѓе да носат маски за лице за заштита и безбедност на самите нив и на оние околу нив. Има само еден проблем: оние кои носат очила се соочуваат со уште една тешкотија – им се замаглуваат очилата кога носат маска. Ова е животен факт кога носите очила – цело време се замаглуваат. Промените на температурата, заштитната опрема за лице и зимската опрема се едни од вообичаените причини за замаглување на очилата. . Во продолжение се некои насоки за помош како да се справите со оваа ситуација.

Зошто очилата се замаглуваат?

Очилата се замаглуваат заради една причина, а тоа е промени во температурата. Ако сте надвор на студен ден и влезете внатре во топла и влажна просторија, вашите очила се замаглуваат како резултат на водената пареа во воздухот која се кондензира на студените стакла.

Друг фактор што придонесува е вашиот здив. Маската што ја носите го насочува здивот нагоре отколку нанадвор. Вашиот здив е исто така доста влажен затоа што внатрешноста на устата и белите дробови е влажна. Топлиот, влажен воздух што го издишувате, наидува на релативно студената површина на вашите очила и се кондензацира на нив. Капките што се формираат на вашите очила остануваат таму заради т.н. површинска напнатост и треба да се избришат или да испарат.

Опција 1: Правилно ставете ја и зацврстете ја вашата маска

Како што споменавме, причината поради која се замаглуваат очилата е влагата од здивот. Повеќето маски кои ги носиме се платнени или хартиени. Треба да проверите дали над маската има прицврстувач од метал или пластика кој се прилагодува на носот. Кога ќе ја прицврстите маската правилно на носот и лицето, го минимизирате здивот да оди нагоре и спречувате очиата да ви се замаглуваат. Ова може да го комбинирате со прилагодување на дишењето.

Има и попрогресивни маски, за кои е доволно само да ги прицврстите убаво на лицето. Некогаш и телото генерира влага и од самата пот, а не само од здивот, што повторно не враќа на тоа дека во некои ситуации мораме да го контролираме дишењето и да погледнеме други опции.

Опција 2: Користете хартиено марамче или фластер

Ова е првенствено опција за хартиени или платнени маски кои не се прицврстуваат добро на лицето. Земете едно хартиено марамче и превиткајте го, ставете го на горниот дел на маската пред да ја ставите на лицето и стиснете надоле. Ова ви овозможува две придобивки. Првата придобивка е тоа што, како апсорбирачка крпа, марамчето ќе ја блокира и апсорбира влагата од вашиот здив кој инаку би одел нагоре и би ви ги маглел очилата. Втората придобивка е тоа што обезбедува помека подлога отколку што е самата маска и е поудобно за носење. Истото може да го направите и со фластер.

Опција 3: Користете средство за против замаглување на стаклата

Во денешно време има многу средства против замаглување за стакла, визир од кацига, очила. Сите функционираат на ист начин: ги нанесувате на стаклата и ги бришете, оставајќи невидлив слој кој што помага да се намали површинската тензија. Во секој случај, нивниот ефект е подолготраен во текот на денот.

Опција 4: Сапун и вода

Пред да ја ставите маската, измијте ги очилата. Користите сапун и вода за да ги измиете и наместо да ги избришете со крпа, истресете го вишокот на капките и оставете ги да се исушат на воздух.

Треба да ставите тенок, невидлив слој од сапун на вашите стакла. Ова ќе спречи да се акумулира влагата на стаклата. Зошто функционира? Одговорот е во интеракцијата на сапунот и водата. Водата, во чиста или претежно чиста состојба, има високо ниво на т.н. површинска тензија. Можеби сте виделе кога водата останува на површината, наместо да се прелева на површината. Тоа е така зашто нејзината површинска тензија ја одржува во место. Сапунот кога ќе се смеша со водата, се нарушува таа површинска тензија. Со ставање на тенок слој сапун на стаклата, прави потешко влагата да се кондензира на стаклата, иако не е сосема невозможно.

Сапунот во текот на денот може да го намали овој ефект, па ќе мора да ја повторувате оваа постапка почесто. Да, е ефективно решение, меѓутоа не е долготрајно.

Друг сличен продукт кој го има истиот ефект е пена за бричење. Многу тенок слој од пената може да ја спречи влагата на вашите стакла.

Опција 5: Корекција на диоптрија

Постојат многу решенија за корекција на диоптрија со кои ќе се отстрани диоптријата и повеќе нема да носите очила. 

Во зависност од возраста, може да се изведе ласерска корекција на диоптрија, корекција на висока диоптрија со факични леќи или вградување на интраокуларни леќи (монофокални или мултифокални леќи). 

Ласерската корекција на диоптрија се препорачува кај лица од 18 до 40 години, стабилна диоптрија минимум 1 година.

Вградување на факични леќи се препорачува кај лица кои не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија, а имаат висока диоптрија ( диоптрија над -10 или + 6 диоптрии).

Вградување на монофокални леќи се препорачува кај лица кои се на возраст над 40 години и имаат старосна диоптрија или пак, само една диоптрија (на блиску или на далеку).  Исто така, се препорачуваат и кај лица кои не се кандидати за мултифокални леќи.

Мултифокалните леќи се најновиот изум со кои се корегира диоптрија на блиску и на далеку, и на пациентиот му се овозможува вид на три растојанија: блиску, далеку и средина. Со овие леќи, пациентот нема да носи повеќе очни помагала. Овие леќи може да се имплантираат и кај млади и повозрасни лица кои се кандидати.

Прочитајте повеќе информации за методата за корекција на диоптрија која ве интересира.