Помошта пружена на лица кај кои постепено се развива катаракта може да направи голема разлика додека дојде време за операција на катаракта.

Катаракта односно постепеното заматување на леќата во окото се карактеризира со губењето на бојата, бистрината и осветленоста.

Како може вие да помогнете?

Воочете ги симптомите на катаракта пред да биде предоцна

Вашиот близок можеби нема да ви каже дека се мачи да гледа, па немојте да претпоставувате дека нивниот вид е добар. Д-р Илир Османи препорачува на директен разговор со лицето кое има катаракта, да ви ги опишат симптомите или што им пречи на видот.

„Како што старееме, старее и нашето око, па може да забележите некогаш вашите родители или пак баби и дедовци, да имаат потешкотии при работење во затемнета просторија, потешко се симнуваат од тротоар, се жалат дека телевизорот или сијалиците не се доволно светли или погрешно ги толкуваат боите. Многу пациенти кога ќе дојдат на преглед, прв симптом што го воочиле дека нешто не е во ред со нивниот вид била расправија дека некоја боја, не е таа што мислеле и започнале да се размислуваат што не е во ред со нив. Откако ќе ја направат операцијата на катаракта не можат да веруваат дека навистина бојата не е таа која ја гледале.“ – вели д-р Илир Османи.

Рана и отворена дискусија за безбедно возење

„Симптомите започнуваат со потешкотии при читање и гледање телевизија. Работите стануваат посериозни кога некој со напредна катаракта ќе седне зад воланот на автомобилот. Блесокот станува полош и го отежнува читањето и гледањето на уличните знаци, особено ноќе. Не само што е ова опасно за возачот, туку може да започнат пациентите да се преиспитуваат што не е во ред со нив, да се откажат од возење автомобил и да се затворат во себе, што може да биде штетно за нивното ментално здравје“. – д-р Илир Османи

Доколку вашиот близок има над 50 години, редовно носете го на очен преглед

Редовните очни прегледи (барем еднаш годишно) се од клучно значење за ефективната борба против катарактата. Важно е да се направи детален очен преглед, со ширење на зеници за да се добие ран третман за било која очна состојба, не само за катарактата.

„Додека катарактата може да се лекува, други очни болести и состојби може да доведат до неповратно слепило доколку не се дијагностицираат и лекуваат рано. За време на очниот преглед, очниот лекар исто така ќе провери за прогресивни состојби како макуларна дегенерација, глауком, дијабетична ретинопатија и други очни состојби. “ – вели д-р Илир Османи.

Направете го домот безбедно место за живење на лицето со катаракта 

Доколку забележите дека вашиот близок има проблем со видот или му е дијагностицирана катаракта, направете го нивниот дом безбеден за живеење. Проверете ги собите и отстранете ги сите непотребни работи кои се опасни за сопнување.

Друг проблем со кој се соочуваат луѓето со катаракта е читањето на етикетите на шишињата со лекови. Ако земаат орални лекови, можете да им помогнете со тоа што ќе ги реорганизирате нивните апчиња.

Катарактата е очна состојба со која ќе се соочиме сите порано или подоцна. Помогнете им на своите блиски кои ја имаат оваа очна состојба во моментот и применете ги ги советите од страна на д-р Илир Османи. Закажете им очен преглед уште денес.