Поради актуелната ситуација со коронавирусот, а во насока на превенција и заштита и безбедноста на пациентите, воведуваме посебен протокол на движење при посета на болницата.

Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат итни состојби и не се во можност да дојдат на преглед. Нашиот дежурен доктор е достапен секој ден од 08:00 до 20:00 часот на 072 268 874.

  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено
  • Задолжително носете заштитна маска при влез во болницата
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција
  • Влезот во болницата е ограничен и се одвива само преку Влез А и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција
  • Одржувајте добри практики залична хигиена

За повеќе информации во врска со вашиот преглед/интервенција побарајте не телефонски на 02/3097-000.