Гравесови очи, исто така познато како Гравесова офталмопатија, е проблем кој се развива кај лица кои имаат хиперактивна тироида жлезда. Проблемите со очите влијаат на околу 1 од 3 лица со хиперактивна тироидна жлезда предизвикана од Хашимото тироидит или други состојби на тироидната жлезда. 

Наведените состојби може да настанат последоватлно. Оваа состојба не е за занемарување и потребно е да се следи и соодветно третира.


Лицата со оваа состојба може да имаат квалитетен живот и вид доколку водат грижа за своето здравје и ги следат советите на офталмолозите.

  • Воспаление на лакрималните жлезди

Воспалението на лакрималните жлезди може да предизвика влажни очи или суви очи, и двете може да се случат кај ист пациент во различно време.

Со терапија препишана од офталмолог може да сет ретираат овие симптоми. 

  • Испакнати очи (егзофталмус)  

Кај лица со проблеми со тироидна жлезда, може да дојде до појава на испакнати очи познато како егзофталмус.

Ова испакнување на очите се јавува како резултат на отекување на мекото ткиво околу очите, мускулите и мастите кои се наоѓаат позади окото. Во овој случај, очните капаци не успеваат добро да го затворат окото и конјунктивата и рожницата се изложени и настанува хронична сувост на очите, а понекогаш и инфекција.

Ова исто така може да создаде чувство на притисок околу очите кој ќе се пренесе на интраокуларните структури и ќе доведе со појава на повисок очен притисок со последичен глауком. 

Отокот може хируршки да се реши за да се вратат капаците во понормална форма, но само по регулација на хормнонската и тироидна нестабилност.

  • Корнеален улцер (Кератитис)  

Затоа што окото е испакнато напред, а очните капаци не го затвораат целосно, инфекцијата може брзо да доведе до корнеален улцер (рана) кој може да резултира со лузна на рожницата, а со тоа ќе ја наруши нејзината проѕирност. 

Симптоми на корнеален улцер се: црвенило, болка и најчесто брзо влошување на видот. 

Во овој случај е задолжително навремен третман на офталмoлог за да се зачува окото и видот.

  • Оток на очните мускули

Мускулите кои го контролираат движењето на очите може да бидат задебелени поради отокот. Ова може да создаде проблеми со двојно гледање и фокусирање, но и појава на страбизам.  Како решение може да се препорачаат очила со призма, но исто така може и хуруршки третман.

Овие симптоми на црвенило, иритација, притисок и двојно гледање потребно е претходно да се третираат и да се стабилизираат пред вашиот лекар да препорача хируршка интервенција.

Вообичаено, активната или воспалителната фаза на болеста на окото на тироидната жлезда трае една до три години така што во тој период околните ткива и мускули ја менуваат својата форма.Во тој период интервенција не е препорачлива поради тоа што резултатите нема да бидат трајни. 

  • Компресија на очниот нерв 

Оптичкиот нерв функционира како продолжен кабел помеѓу окото и мозокот за да ја пренесе она кое што го гледаме до нашиот мозок и да се формира слика. 

Кога очниот нерв е притиснат од околните меки ткива, доаѓа до промена на боите кои ги гледаме, светлата може да изгледаат послаби од вообичаеното, а острината на видот се намалува. 

Овие промени се викаат компресивна оптиконеуропатија и е итна состојба во офталмологијата која треба ведаш да се лекува оперативно или со големи дози на кортикостероидна терапија.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.400,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Видно поле

Испитување на едно око.

1.200,00

Видно поле

Испитување на двете очи.

1.620,00