Ерозија на очите

Ерозија на очите се случува на рожницата на самото око. Тоа е вид на гребнатинка на рожницата.

Рожницата е безбоен, преден слој  на окото чија основна цел е заштита на нашето око. Постојат повеќе видови на ерозии, некои можат да поминат полесно со ставање на препорачани капки од страна на офталмолог, додека други може да завршат со оперативен зафат. 

Без оглед на причината за појавата на ерозија на окото, многу е важно да ги препознаете симптомите во тој момент и да ги објасните на својот офталмолог.

Симптомите на ерозија во рожницата можат да бидат:

  • црвенило, оток,
  • силни болки во окото,
  • намалена визуелна острина.

Заштитните маски веќе 2 години се дел од нашиот гардеробер. Правилното и внимателно поставување на масакта на вашето лице ќе ве заштити од евентуални повреди или гребаници на вашите очи. Овие повреди во принцип не се опасни, но може да се болни. Сепак ако не се третираат може да доведат до инфекции на окото кои може да направат сериозни компликации по окото и видот. 

Доколку ви влезе нешто во око, се повредите или се изгребете со заштитната маска, задолжително консултирајте се со вашиот офталмолог.

Како правилно да ја ставате и вадите заштитната маска на вашето лице за да спречите ерозија на очите: 

Чекор 1: Измијте ги вашите раце или дезинфицирајте ги. 

Чекор 2: Извадете ја маската од заштитна фолија и проверете во каква состојба е.

Чекор 3: Проверете на која страна е маската. Металниот дел на маската оди над вашиот нос. Белиот дел од маската е за внатрешната страна, додека синиот дел треба да се гледа однадвор. Доколку користите маска KN95 тогаш само треба да внимавате на металната склопка да биде над вашиот нос.

Чекор 4:  Во зависност од типот на маската ја носите, следете ги тие инструкции.

Маска за лице со јамка за уши

Држете ја маската за јамките и поставете ја на вашето лице, прво на едното уво и потоа на другото.

Маска за лице со врзување

Доведете ја маската на ниво на носот и поставете ги врвките на темето на главата и врзете ги. Потоа земете ги долните врвки, по еден во секоја рака, и прицврстете ги со машна на тилот.

Маска за лице прицврстена на адаптирачка лента

Држете ја маската за нејзиниот врв, дозволувајќи им на лентите за глава да висат слободно под рацете. Доведете ја маската до нивото на вашиот нос и повлечете ја горната лента преку вашата глава, така што таа ќе лежи над темето на вашата глава. Повлечете го долниот ремен преку вашата глава така што ќе лежи на тилот.

Чекор 5: Металната склопка притиснете ја за да ја позиционирате на вашиот нос, да нема простор за да влезе или излезе воздух.

Чекор 6: Повлечете го дното на маската преку устата и брадата.

Многу е важно да не ги допирате вашите очи со заштитната маска за да не дојде до ерозија (гребнување) или пак повреда на окото. Исто така, заштитната маска мора да биде убаво легната на носот за да нема простор топлиот воздух да се насочува кон вашите очи и да ги суши очите.

За жал, пандемијата се уште трае и мора да се носат заштитните маски насекаде. Правилно и внимателно нанесување на заштитната маска на вашето лице е од клучно значење за избегнување на ерозија (гребнатини) во окото од заштитна маска. Доколку ви се случи да се повредите со заштитна маска, задолжително консултирајте се со нашите дежурни офталмолози.