
“Препораката е да се оперира катарактата што порано толку поедноставно и побезбедно.”
Д-р Златко Арнаудовски, нашиот медицински директор и катарактен хирург во емисијата Фактор здравје неодамна зборуваше на тема катаракта. Дел од темите кои беа опфтаните се “што е катаракта”, “кои се симптомите”, “кога е најдобро време да се оперира” и “зашто не треба да се чека.”
“Стареечката катаракта, која е всушност најчеста, претставува стареење на организмот, односно стареење на еден дел од окото – на нашата природна леќа која ни овозможува да гледаме на сите дистанци. Со години, обично после 60-65 години почнува еден процес на заматување на леќата, кој се вика катаракта, народски позната како перде и е најчестото заболување во офталмологијата.” – кажа д-р Златко.
Д-р Златко за време на неговото гостување сподели дека операцијата на катаракта е една од најчестите, најбезбедните и најприродни операции не само во офталмологијата туку општо и во хирургијата и затоа ги советува пациентите да се решат за операцијата, која е единствениот начин на отстранување на катаракта.
Дополнително докторот објасни дека операцијата е кратка, безболна, трае 10 минути и е толку безбедна што пациентот заминува дома уште истиот ден со одврзано око а за неколку дена пациентот се враќа на секојдневните активности, што е од исклучително значење.
Во емисијата се вклучија и повеќемина гледачи кои ја споделија и воедно побараа совет за нивната моментална очна состојба од Д-р Златко Арнаудовски.