Јосев Тодорче е роден на 20.03.1986 година во Скопје, С.Македонија.

Дипломира на Медицинскиот факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во 2010 година. Во 2018 специјализира офталмологија и се здобива со титула – специјалист офталмолог.

Во меѓувреме, од 2011 се вработува во Ургентниот центар на Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје. Во 2013 година се вработува во Итна медицинска помош во Свети Николе. Во 2019 година, работи како специјалист офталмолог во болницата во Свети Николе.

Од 2020 година се вклучува на тимот на Систина Офталмологија.

Членство:

  • Лекарска комора на
  • Здружение на лекари на Македонија
  • Здружение на офталмолози на Македонија

Дополнителни едукации:

Посетува многубројни едукации како во земјата така и во странство. Некои од нив се:

  • 2017, Токуда Болница, Софија – Обука за третман на состојби за преден сегмент