Дали некогаш сте размислиле кое око ви е доминантно? Дали имате доминантно око? Постои едноставен тест со кој можете да проверите со кое око имате подобра перцепција за вид.

Што е доминантно око?

Како што имаме доминантна рака, нога, така имаме и доминантно око. Кога гледаме, ги користиме двете очи, но повеќе се потпираме на доминантното око иако тоа не можеме да го забележиме. Доминантното око не значи дека има помала диоптрија или дава појасен вид, туку дека повеќе ги гледаме работите со него. Ова можеме да го забележиме кога гледаме под микроскоп или кога сликаме со апарат.

Дали е возможно да не постои доминантно око?

Секое лице има доминантно око, но може да има потешкотии во откривање на доминантно око. Доколку при правењето на оваа вежба забележите дека видот ви е послаб, закажете преглед тука.