
Луѓето кои имаат дијабет, доживуваат фатален исход, три пати повеќе од останатите, заразени со Корона 19. Оваа болест во Америка погаѓа повеќе од 29 милиони луѓе, а половина од починатите од Ковид 19, помлади од 65 години, имале дијабет. Лицата со дијабет најчесто имаат и проблеми со видот.
Овие податоци ја наведоа, Американската офталмолошка академија, да апелира, да се вршат редовни очни прегледи, особено за време на пандемијата. Покрај тоа, тие препорачуваат здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување на никотин и земање на пропишаната терапија.
„Вашиот офталмолог може да ви биде најголемиот сојузник во битката против Ковидот. Навременото откривање на дијабетичната ретиопатија, ќе ви го спаси видот, а истовремено може да избегнете други сериозни компликации како што се микроваскуларни заболувања и дијабетичната невропатија. Со редовните очни прегледи навреме се открива и катарактата и галукомот, кои исто така може да бидат сериозна закана за очите“, вели офталмологот Omar Punjabi, MD, од Charlotte Eye Ear Nose & Throat Associates, P.A.
Дијабетисот или шеќерната болест е хронично заболување каде што постои пореметување на метаболизмот, не само на шеќерите туку и на мастите и белковините. Таа е водечка прочина за слепило и намален вид. Високото ниво на шеќер ги оштетува големите но и малите крвни садови. Токму затоа најпогодени органи се очите, и многу е важно да се превенира со редовни очни прегледи.
Преглед за лица со дијабет
Детална проверка на преден и заден сегмент и ОЦТ анализа.
3.300,00
Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дополнителна дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.