Дали зениците ни се шират кога сме вљубени

Кога помислуваме на ширење на зеници, прво што помислуваме е очен преглед каде што офталмолог ни шири зеница (мидријаза). Но, зениците и природно ни се шират секој ден во зависност колку светлина поминува низ леќата и ни помага да се фокусираме.

Исто така, кога е во прашање психолошки момент како што е стравот, изненадување или кога гледаме во лицето на тој кој не интересира, зениците се шират.

Вистина е дека зеници се шират кога сме вљубени. Следниот пат кога ќе го погледнете вашиот партнер, имајте го ова на ум.

Мускулот на ирисот, кој е задолжен за ширењето на зеницата, е контролиран од автоимуниот нервен систем. Кога имаме неочекувани чувства кон некого или кога гледаме некоја преубава глетка, зениците сами се шират за да го видиме детално тоа што ни го привлекува вниманието.

Но, не секогаш значи дека ако зениците се проширени значи дека некој е вљубен во нас. Кога ќе се погледнеме и забележиме дека едната зеница е проширена, за разлика од другата, може да е знак дека нешто не е во ред со телото или самото око.

Тука може да е во прашање анизокорија. Анизокорија значи дека пациентот има нееднаква големина на зеници. Едната зеница може да е поголема од нормалната т.е. проширена, или едната зеница може да е помала од нормалната т.е. тесна, што доведува до нивен нееднаков изглед. Причините за значителна или посериозен тип на анизокорија (едната зеница да е поголема од другата за повеќе од 1,0 мм) се следните:

  • Траума на окото:
  • Одредени лекови за очи
  • Воспаление на ирисот: Iritis (преден увеитис)
  • Adie’s tonic зеница
  • Невролошки нарушувања.

Проширени зеници и преглед

Во вакој случај, пациентот задолжително треба да посети офталмолог, особено ако ги има следните симптоми:

  • Птоза (спуштање на очниот капак)
  • Дупли слики
  • Губење на вид
  • Главоболка или болка во вратот
  • Болка во очите
  • Сегашна повреда на главата или окото

Како заклучок може да кажеме дека зениците се шират кога сме вљубени. Но, мора да внимаваме на другите симптоми. Гледајте ги очите на вашиот сакан и доколку забележите дека зениците се проширени, прашајте го/ја дали имаат некој симптом од горенаведените.

Доколку одговорот е позитивен, веднаш закажете преглед на офталмолог. Доколку е негативен, уживајте во љубовта.