“Лицата со дијабет мора посериозно да го гледаат очното здравје. “

Д-р Фанка Гилевска – спец. офталмолог и хирург од Систина Офталмологија гостуваше на ТВ 24 во емисијата Фактор Здравје каде  зборуваше на тема дијабетична ретинопатија и како дијабетот влијае на видот и на очите.

Дел од прашањата кои д-р Фанка Гилевска ги одговори беа што е дијабетична ретинопатија, кои се најчестите симптоми, дали дијабетичната ретинопатија е причина за слепило, како се третира итн.

“Дијабетичната ретинопатија е компликација на дијабетот која зависи од траењето на болеста, нивото на гликемија и нејзината регулација и она води до слепило и во поразвиените земји поради тоа што долго трае, тешко се лекува и потребен е мултидисциплиран пристан.” – кажа таа.

Дополнително таа објасни и кои мерки може да се превземат за да се успори или намали ризикот од оваа очна состојба, а најважно е да пациентите имаат добра регулација на гликемијата. За пациентите кои веќе се соочуваат со дијабетичната ретинопатија, таа го објасни начинот на лекување со Анти ВЕГФ третман.

Дијабетичната ретинопатија е очна состојба која може да се појави и кај помладите пациенти така што е од особена важност, оние пациенти на кои им бил дијагностициран дијабет да прават редовни контроли еднаш годишно за да навремено се дијагностицира дијабетичната ретинопатија и исто така навремено да се започне со третман.

За време на гостувањето, се вклучија и гледачи на кои им бил дијагностициран дијабет во минатото и истите споделија прашања поврзани со нивната очна состојба и добија совети од докторката за што е најдобро да се направи во нивната ситуација.

Целото видео може да го погледнете подоле: