
Факични леќи се наменети за корекција на миопија и хипермиопија (од -3 до -20 диоптрија и над + диоптрија, цилиндар маскимален до 4 диоптрии) кај лица од 20 до 40 години кои вообичаено не се кандидати за ласерската корекција на диоптрија. Доколку пациентот има под 40 години и не можете да направи ласерска корекција на диоптрија, факичните леќи се вистинскиот избор.
Д-р Билјана Костовска, офталмохирург во Систина Офталмологија со долгогодишно искуство во рефрактивна хирургија, ја објаснува појавата на високата диоптрија и решение за истата.
Високата диоптрија се појавува уште од самото детство и може да се одреди уште на мала возраст. Високата диоптрија е наследна и поради тоа навремениот очен преглед кај децата е од клучно значење за понатамошниот развој.
Децата со висока диоптрија може да покажат незаинтересираност за училиште, не знаат да читаат, да пишуваат и својот револт да го истакнат на друго место, без да знаат да објаснат што точно се случува.



Факичните леќи се практикува да се имплантираат на лица кои се од 20 до 40 годишна возраст. Факичните леќи ги заменуваат контакните леќи, тоа значи дека постои веројатност да се појави катаракта во самото око. Интервенцијата е брза и безболна и веќе следниот ден пациентот гледа одлично.
Имплантацијата на факичните леќи подразбира и враќање на старите активности. Како што се читањето на книги, физичка активност без грижа за очните помагала. Факичните леќи се краткиот пат до вид без диоптрија.
Високата диоптрија е поврзана со дебели стакла на очилата. Фрустрацијата која се создава од тешките стакла и постојаното носење на очила често знае да влијае на психичката состојба на лицето, поради тоа разговорот со пациентот, на самиот преглед, детално објаснување на ситуацијата е од клучно значење за понатамошниот процес.
„Сопственото искуство ми покажало дека факичните леќи позитивно влијаат и врз психичката состојба на пациентот. По имплантирање на факичните леќи и отстранување на високата диоптрија, пациентот се чувствува посигурен во себе, додека главоболките од високата диоптрија се минато.“
Ограничувањата по операцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на офталмологот.
Во првите 3 дена по операцијата, треба да се избегнува миење на лице со обична вода и триење на окото и првиот месец да се избегнува потежок физички напор (како кревање на тешки предмети). Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија.