Кратка биографија

Александра Гочева е родена 1982 година во Битола, С. Македонија.

Своите медицинско знаење го стекнва на Медицинскиот факултет во Софија, Бугарија. Во 2006 година дипломира и ги продолжува своите студии на специјализација по офталмологија на Медицинската Академија, исто во Софија. Во 2013 година се здобива со титулата специјалист офталмолог.

Работното искуство и започнува во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. Од 2017 година е официјално дел од тимот на „Систина Офталмологија“. 

Членство

  • Лекарска комора на Македонија
  • Сојуз на очните лекари во Бугарија

Дополнителни едукации

Посетува многубројни едукации како во земјата така и во странство. Некои од нив се:

  • 2010 година, Софија – Курс за Ултразвучна дијагностика во офталмологијата

Учество на конференции

Зема активно учество на национални и меѓународни конференции во Белград, Софија, Пловдив, Варна, Букурешт, Копенхаген, Македонија итн. Некои од нив се:

  • I Циклус едукативни работилници „Регулиран дијабетес – сочуван вид“, Македонија 2018 година
  • IX Конгрес на Европското здружение на ретинални специјалисти „ЕУРЕТИНА“, Прага 2019 година
  • GRNP (Global Retinal Network Program meeting) , 2019 година