Весна Масти, 42, e наша драга пациентка која пред две години ја направи ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија, изведена од страна на Доц. д-р Билјана Костовска. Со диоптрија од -2,5 и -2,0, Весна сподели дека се соочувала со проблеми со видот уште од мала а во подоцните години често страдала и од инфекции на очите како резултат од носењето на контактни леќи.

По долго размислување и советување со нашиот тим, таа реши да ја направи оваа значајна промена во својот живот. Веднаш по интервенцијата, таа можеше да го види часовникот во операционата сала и да го прочита времето.

IMG_0719

Денес, две години подоцна, таа се чувствува одлично и сподели со нас дека е многу задоволна од грижата што ја добила од нашиот медицински тим. Весна посебно и се заблагодарува на Доц. д-р Билјана Костовска, благодарение на која сега таа вели дека може да ужива во секојдневниот живот. Кога ја прашавме за искуството за време на интервенцијата, таа ни кажа дека интервенцијата траела многу кратко и дека не била свесна ни кога завршила истата. Еве што сподели Весна за своето искуство:

“Се викам Весна Масти. Уште додека бев во средно образование, забележав дека недогледувам од далечина, тешко ми беше да прочитам напишаното од таблата во училиште. Но некако се снаоѓав и со потечкотии успеав да ги завршам училишните обврски. Не посетив офталмолог но кратковидноста беше присутна. Веќе на факултет се решив да посетам офталмолог. Имав диоптер -2.5 и -2.0. Носев наочари и контактни леќи подолго време. Наочарите ми пречеа во секодјевните активности а леќите беа добар избор но понекогаш појавуваа инфекции кои мораше да се лекуваат. Слушајќи многу искуства на задоволни пациенти и истражувајќи на интернет, решив во 2022 да направам ласерска корекција на видот. Поминаа две години, одлично гледам во далечина. Операцијата траеше многу кратко дури не бев свесна кога заврши истата. Првото што направив погледнав во ѕидниот часовник и можев да го видам времето. Многу сум задоволна од цел медицински персонал, особено од докторката Билјана Костовска бидејќи таа направи да можам повторно да уживам во секојдневните активност.”

Ве мачат и вас очилата и контактните леќи? Закажете го и вие вашиот преглед за ласерска корекција на диоптрија и дознајте дали сте кандидат за интервенцијата.