ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЦЕЛТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА КЛУБ „КОД НА ДОВЕРБА“
Почитувани пациенти,
Услугата “Код на доверба” е создадена да даде можност лојалните пациенти да добијат различни попусти и поволности во Систина Офталмологија.
„Кодот на доверба“ претставува Viber апликација преку која пациентот треба да се регистрира за да има можност да оствари право на попусти и поволности кои Систина Офталмологија ги дава.
Процесот на одвивање на услугата е на следниот начин: пациентот се регистрира во Viber апликацијата и при секоја направена приватна услуга и/или интервенција добива поени кои се евидентираат во клубот Код на доверба. Внесот, евиденцијата и користењето на поволноситте пациентите можат да ги остварат со помош на администраторите на пултовите во Систина Офталмологија.
Кодот на доверба исто така дава можност за внес на прашања, пофалби и сугестии за кои ќе добие соодветен одговор од одговорните лица.
За детални информации прочитајте на Услови, правила и упатство за користење на услугата клуб на лојалност „Код на доверба“
УСЛОВИ, ПРАВИЛА И УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА КЛУБ НА ЛОЈАЛНОСТ “КОД НА ДОВЕРБА“
“КОД НА ДОВЕРБА” е клуб програма за лојалност на ПЗУ СИСТИНА ОФТАЛАМОЛОГИЈА Скопје, преку која членовите се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции согласно правилата и условите за членство во истата. Истата важи за сите пациенти на Систина Офталмологија кои направиле преглед и/или во билокој од дијагностичките центри во Р.Северна Македонија на Систина Офталмологија – Скопје, Битола, Тетово и Гостивар.
За учество во Кодот на доверба, секој пациент потребно е да се регистрира преку јавниот Вибер профил – Систина Офталмологија направен за таа намена.
На интернет-страницата www.sistinaoftlamologija.mk се наоѓаат сите официјални информации поврзани со правилата и со клуб програмата за лојалност “КОД НА ДОВЕРБА”.
ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА КЛУБ „КОД НА ДОВЕРБА“
Под морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека:
1. Во целост ја разбрав целта на услугата – добивање информации за работењето на ПЗУ Систина Офталмологија, остварување на право за добивање поени од извршени услуги во ПЗУ Систина Офталмологија, давање препорака на пријател за истите и користење на поволностите кои произлегуваат се претходно кажаното.
2. Ги прочитав Условите, правилата и упатството за користење на услугата клуб на лојалност „Код на доверба“ (Viber chat bot Систина Офталмологија) и изјавувам дека истите ќе ги почитувам во целост и нема да ги злоупотребам во ниту еден случај;
3. Запознаен/а сум со Политиката на приватност објавена на интернет страницата на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје
4. Го потврдувам сопствениот идентитет, точноста и веродостојноста на личните податоци кои ги доброволно ги дадов при регистрација на клубот „Код на доверба” Viber chat bot Систина Офталмологија на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје за спроведувањето на услугата;
5. Запознаен/а сум дека податоците нема да бидат откриени на трети страни и истите по остварување на целта заради која се прибрани ќе бидат соодветно избришани. Податоците се користат само за целта наведена погоре и болницата на сигурен и безбеден начин ги прибира и постапува со истите.
Доколку постапам спротивно на претходно наведените точки согласен ПЗУ „Систина Офталмологија“ Скопје да поведе соодветна постапка пред надлежен орган.
За дополнителни информации и прашања, можам да го контактирам Офицерот за заштита на лични податоци на stefani.nedelkova@sistinaoftalmologija.mk.