Ласерска корекција на диоптрија

Најпознатата метода за корекција на диоптрија на лица од 18 до 40 години, кои не сакаат да носат очила и контактни леќи за јасно да гледаат. Безболна и безбедна метода која трае максимум 10 минути. По интервенцијата пациентот си оди дома само со очила за сонце.

Мултифокални леќи

Мултифокалните леќи се најновиот изум во офталмологијата со кои на пациентот му се овозможува јасен вид на сите растојанија (блиску, средина или далеку). Овие леќи, исто така, се користат и за истовремена корекција на диоптрија и отстранување на катаракта (перде). Може да се импланитраат и кај млади и возрасни лица кои се кандидати.

Операција на катаракта

Операцијата на катаракта е кратка и безболна операција со која се отстранува заматувањето на природната леќа (познато како катаракта или перде). При операцијата се вградува интраокуларна леќа која му овозможува на пациентот јасен вид. Пациентот по операцијата си оди дома без преврски. Оваа операција се прави кај пациентите со дијагноза катаракта независно од нивната возраст, вклучително и бебиња и мали деца.

Анти-ВЕГФ третман (инјекции во око)

Анти-ВЕГФ третман (инјекции во око) се аплицираат кај пациенти со дијагнози: дијабетична ретионпатија, макуларна дегенерација, макуларен едем и сл. Овие инјекции овозможуваат лекување на самото око како и зачувување на видот кај пациентот.

Витректомија

Витректомијата е операција која е потребно да се изврши од страна на искусен хирург со соодветна опрема. Оваа операција е сложена и се применува кај дијагнози кај кои лекување не е повеќе возможно.

Третман на страбизам

Операција на страбизам е хируршки зафат со кој решава дијагнозата страбизам односно положбата на очите позната како криви очи. Оваа операција се прави кај деца и возрасни, во случај поконзервативни методи како што се очила, лепенки, призмични леќи и вежби не ја подобруваат местоположбата на очите на пациентот.