Операција на катаракта

Катаракта е една од најчестите очни болести и може да стане најголем „непријател“ на вашите очи. Болеста може сериозно да го наруши комфорот на вашиот живот, почнувајќи да ви пречи во извршувањето на секојдневните активности: возење автомобил, читање, гледање телезвија, работа на компјутер и многу други. Навременото реагирање со операција на катаракта овозможува нормално живеење без никакви препреки во видот.

Порано пациентот со катаракта минувал низ мачен процес на нејзино созревање и континуирано намалување на видот а со тоа и квалитетот на животот на пациентот. Но, нема потреба да живееме во минатото. Сегашноста е современата технологија, напредната медицина и искусниот тим на Систина Офталмологија, параметри кои овозможуваат операцијата на катаракта да биде сигурна и катарактата да е отстранета пред да стане најголем „непријател“ на вашите очи.

Колку повеќе го одолговлекувате нејзиното остранување, толку станува потешко ( како и решавањето на секој проблем !). Едноставно, за да живеете онака како што сакате, треба да ја отстраните катаркатата веднаш штом ќе почне да ви пречи во нормалното живеење, односно кога ќе биде дијагностицирана.

Во овој текст продолжуваме преку одговорите на 5 W за интервенциите што можете да ги направите во Систина Офталмологија. Овој пат за најизведуваната очна операција на човечкото тело ( не само на очите !) – катарактата.

КОЈ е потецијален пациент за интервенцијата со која се отстранува катарактата?

Сите, без оглед на возраста, на кои ќе им биде дијагностицирана катаракта се потенцијални пациенти за интервенцијата со која таа се отстранува. Катарактата се појавува кај околу 70% од лица постари од 75 години и е позната како „старечко слепило“. Но, таа често се дијагностицира и кај помлади пациенти, и кај децата, кај кои може да биде вродена.

ШТО треба да знаете за катарактата и за интервенцијата со која се отстранува?

Катарактата е последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа во окото. Во некои случаи, кај почетната катаракта, видот може да се подобри со очила затоа што испакнувањето на леќата предизвикува миопизација ( минус диоптрија ), но со текот на времето и со напредување на заматувањето на леќата, очилата веќе не се корисни и единствено решение е операција на катаракта (перде). Катарактата може да биде последица и на траума, метаболички болести (дијабетес, галактоземија), лекови (кортикостероиди), а може да настане и како компликација на други очни болести (увеитис, глауком) и да се појави заедно со други синдроми (на пр. Даунов синдром).

Интервенцијата со која се отстранува катарактата е брза, безбедна и безболна, ултразвучна операција позната како факоемулзификација. Се изведува со мал хируршки рез од 2,2 мм при која се вградува мека интраокуларна леќа. Самата операција трае најмногу до десетина минути на едно око. Веднаш по операцијата се враќа нормалниот вид, а и постоперативниот период е краток и брз.

По отстранување на катарактата едно од идеалните решенија за оние со повеќе диоптрии е имплантација на мултифокалните интраокуларни леќи. Тие имаат еден, два или три фокуси, и му овозможуваат на пациентот добар вид на различни далечини без очила. Најновата генерација на мултифокални леќи се трифокалните леќи, со кои освен што добивате добар вид на близу и далеку, ви овозможуваат и добар вид на средна далечина, што е многу значајно за пациенти кои многу време работат на компјутер.

КОГА треба да се изведе интервенцијата за отстранување на катарактата?

Интервенцијата е најдобро да се изврши тогаш кога пациентот ќе почне да има пречки во секојденвното функционирање. Тие се јавуваат како резултат на заматување на видот и губење на контрастите, како кога гледате преку нечисто стакло. Може да се појави и двојна слика, чести се проблемите при читање, гледање ТВ и возење.

КАДЕ е најдобро да направите операција на катаракта?

Во Систина Офталмологија, затоа што таму имаат најголемо искуство, стручен и искусен тим, користат премиум европски и американски леќи, како и апаратурата и технологијата која ја користат е најмодерна во светот на офталмологијата при вршење на операција на катаракта.

Во Систина Офталмологија, покрај добро изведената интервенција, ќе добиете и безусловна поддршка и човечност во пристапот. Тимот на болницата ќе ви се посвети целосно и ќе ви предложи третман кој најмногу одговара на вашите животни потреби, на начин разбирлив за вас. Со многу позитивна енергија, во комуникацијата, недоумиците и стравовите на пациентите, пред и по операцијата, во Систина Офталмологија, секогаш се надминуваат.

По долгите разговори, следат прецизни мерења: проверка на очното дно, точната калкулација на диоптријата заради добро и прецизно дефинирање на леќата. Некогаш тоа може да значи и неколку прегледи и мерења. Точната калкулација на диоптрија на интраокуларните леќи е многу важна за остар постоперативен вид, затоа во Систина Офталмологија го користат најмодерниот компјутерски апарат „IOL Master“ за калкулација на јачината на леќата. Современите апарати во Систина Офталмологија, на докторите им овозможуваат комплетна контрола на текот на операција на катаракта, а окото претрпува минимална траума.

ЗОШТО треба да ја направите интервенцијата за отстранување на катарактата?

Заради сето она што погоре ви го кажавме. Отстранете ја веднаш штом ќе дознаете дека ја имате. Во Систина Офталмологија е вашето решение, затоа што таму, во фокусот сте вие и вашите потреби!