
Во периодот од 28 до 31 мај 2025 година, во хотелот „Хилтон“ во Софија се одржа престижниот интернационален курс за офталмолошка едукација — 13-тиот по ред BOW (Balkan Ophthalmic Wetlab Course). Овој курс претставува едно од најзначајните едукативни случувања во офталмологијата во регионот на Балканот и пошироко, каде млади лекари имаат можност да учат од водечките имиња во европската офталмохирургија.
Гордост ни е што нашата д-р Виолета Шијакова Гркова беше дел од овој значаен настан, учествувајќи во програмата за Основна катарактна хирургија, заедно со повеќе од 30 млади офталмолози од цела Европа. Таа имаше можност да ги унапреди своите хируршки вештини преку интензивна практична обука, користејќи најсовремени симулатори и техники.
Обуката беше предводена од врвни европски експерти:
🔹 Mr. John Bolger – Велика Британија
🔹 Dr. Andrea Jankeková – Чешка
🔹 Dr. Fabian Wozar – Швајцарија
Под нивно менторство, учесниците имаа можност да стекнат со нови знаења за основните принципи на катарактната хирургија, да вежбаат во контролирана средина и да разменат искуства со колеги од различни земји.
Ова искуство претставува уште еден чекор напред во професионалниот развој на д-р Шијакова Гркова, но и потврда за нашата заложба постојано да вложуваме во знаењето, вештините и квалитетот на нашите доктори.
Продолжуваме посветено да учиме, растеме и ја носиме најсовремената офталмолошка грижа кај нашите пациенти.







