На 23 Ноември во Белград, Србија, се одржа едукативен тренинг организиран од GrossOptic, посветен на најновите техники за фитување на меки контактни леќи “Ultra Multifocal” за пациенти со астигматизам од Bausch + Lomb.

Од Систина и Промедика Офталмологија, на тренингот присуствуваа оптометристките Вида Младеновска, Елеонора Стојмановска, Дијана Бајовска и Ангела Илиевска Јовановска, кои имаа можност да ги унапредат своите знаења и вештини.

Главен предавач на обуката беше Спирос Константакопулос, кој преку теоретски и практичен дел ги запозна учесниците со карактеристиките на Ultra Multifocal леќите и нивната примена кај пациенти со астигматизам. Теоретскиот дел обезбеди детални информации за дизајнот и функционалноста на леќите, додека практичниот дел овозможи учесниците да ги применат техниките и да го усовршат практичното искуство со фитување на овие леќи.

Нашите оптометристи ја искористија оваа можност за професионално надградување, со што уште еднаш докажуваме дека секојдневно се стремиме кон постојано подобрување на услугите за нашите пациенти.