
На 25 и 26 Октомври, во Загреб, Хрватска се одржа 15-от конгрес „Нови трендови во офталмологијата“. На овој настан присуствуваа врвни експерти и пионери во офталмологија од целиот свет, кои презентираа најнови иновации и најсовремени методи за третмани во офталмологијата.
Меѓу врвните офталмолози на конгресот беа присутни и нашите доктори од Систина Офталмологија – Д-р Златко Арнаудовски, Д-р Илир Османи и Доц. Д-р Билјана Костовска. Покрај присуството на настанот, Д-р Златко Арнаудовски и Д-р Илир Османи одржија предавање со цел да ги споделат своите искуства со присутните. Д-р Арнаудовски презентираше на тема различни видови на мултифокални леќи, додека Д-р Османи презентираше на тема витреоретинална хирургија.
Освен нашите доктори, на настанот присуствуваа и други светски познати офталмолози, кои исто така ги споделија своите истражувања и иновации.




