На 17-18 Мај се одржа третиот Студентски конгрес на Општа Медицина во склоп на универзитетот Гоце Делчев – Штип каде присуствуваа над 500 доктори и студенти.

На конгресот беше поканет предавач Доц. д-р Билјана Костовска од Систина Офталмологија која е воедно и професор на факултетот за медицински науки. Таа како ментор на студентот Стојче Читкушева Димитрова, овозможи едно ново поглавје во медицинските студии со припрема на труд за рефрактивна хирургија и хируршки третман.

Нејзиното предавање беше на тема “Индикации на витректомија” со цел да се прикажат релативните и апсолутните индикации, оперативните техники и постоперативниот успех по доаѓањето на пациентите со витректомија на нашата болница во периодот од јуни 2023 до февруари 2024 година.

Дополнително Доц. д-р Билјана Костовска беше дел и од “Анти-ВЕГФ” работилницата која се одржа за време на конгресот. Таа за време на работилницата го сподели нејзиното долгогодишно искуство и знаење со студентите.