
Катарактата (перде), како што веќе ни е познато, е заматување на природната леќа на окото, што доведува до разсејување на светлината, бледеење на боите, замаглување, и постепено намалување на видот. Постојат одредени факти за кои можеби не сте ги знаеле за катарактата, а се интересни и добро е ви се познати за здравјето на вашите очи, особено во периодот по четириесеттата година.
Има повеќе од еден тип
Постојат повеќе типови на катаракта, но кај пациентите има одредени видови кои почесто се среќаваат. Најчестиот тип (која се појавува кај луѓето после четириесеттата година) се формира главно во центарот т.е. јадрото на леќата на окото (нуклеусот) и се нарекува нуклеарна катаракта. Друг тип е кортикалната катаракта. Овој тип се развива на работ или периферните делови на леќата, наместо во центарот. Постои и катаракта која е комбинација од овие две или т.н. кортико-нуклеарна катаракта. Задната капсуларна катаракта главно се формира на задната капсула на леќата, блокирајќи ги светлосните зраци да стигнат до ретината. Овој тип вообичаено се развива побрзо отколку нуклеарната или кортикалната катаракта. Кога постои целосно заматување на леќата имаме случај на матурна (зрела) катаракта. Верувале или не, катарактата може да настане и како резултат на одредена траума, повреда на окото и истата се нарекува трауматска катаракта.
Бебињата може да се родат со катаракта
Конгенитална или вродена катаракта е кога бебето ќе се роди со оваа состојба или пак истата се развива за време на рано детство. Може да настане како резултат на генетика, одредени здравствени состојби или инфекција/траума кај мајката пред да се породи. Бидејќи очите и мозокот на бебето во тој период учат да гледаат, офталмолозите укажуваат катарактата навремено да се открие и лекува. Во спротивно, може да влијае на нормалниот развој и поврзаност на окото со мозокот, што доведува до губење на видот. Офталмолозите најчесто, ја откриваат конгениталната катаракта на рутински офталмолошки прегледи кај новороденчињата.
Во нашата болница прегледот е детален и е сосема прилагоден за возраста на детето. Нашите офталмолози, на самиот преглед разговараат со родителите, објаснувајќи го детално целиот процес на лекување. Операцијата е сосема безбедна, сигурна и безболна, се изведува под општа анестезија и трае до десет минути по око. На родителите достапни сме им во текот на целиот процес на лекување.
Дијабетесот ги зголемува шансите за развој на
катаракта побрзо и порано во животот
Леќата во окото се храни со очната водичка т.е. бистрата течност во предниот сегмент на окото помеѓу леќата и корнеата (рожницата). Очната водичка им обезбедува кислород и глукоза (шеќер) на клетките. Кога некое лице со дијабетес има неконтролирани нивоа на глукоза во крвта, клетките во леќата може да се заматат. Како резултат на тоа се формира катаракта, правејќи ги работите кои ги гледате да бидат матни, избледени или затемнето жолти.
Кај пациентите кои што имаат дијабетес и перде, кај нас им се прави детален супспецијалистички преглед за да се прегледа очното дно и крвните садови кои што глукозата ги напаѓа (дијабетична ретинопатија), како и мерења за типот на леќата која треба да се имплантира. Доколку има проблем со очното дно и во зависно од неговата состојба има повеќе решенија, како што се анти-ВЕГФ третманите, ласерфотокоагулација и операција витректомија. Нашите витреоретинални хирурзи на самиот преглед ќе ви го понудат најдоброто и најсигурното решение. Многу е важно лицата со дијабетес да прават редовни офталмолошки прегледи, за навремено решавање на очните состојби.

Еднаш оперирана – засекогаш оперирана
Со операцијата на катаракта, офталмологот ја заменува природно заматената леќа на окото со бистра вештачка леќа. Новата леќа пак не може да се замагли. Сепак, некои луѓе може да развијат т.н. „секундарна катаракта“ по операцијата, што ова всушност не е ни вистинско перде. Ова се случува кога се заматува тенката мембрана која што ја држи леќата. Со многу брза процедура која се нарекува YAG ласер капсулотомија, офталмологот со ласер ја чисти заматената капсула, за да може повторно да се пробиваат светлосните зраци и да се добие чист и јасен вид.
Благодарение на врвната технологија, знаењето и искуството на нашите катарактни хирурзи, пердето може да се реши засекогаш, за само 3 часа од кога ќе дојдете во клиниката. Леќите кои што ги имлантираме во окото се најсовремените интраокуларни монофокални или мултифокални леќи, во зависност од вашата состојба, начинот на живот и квалитетот на вид кој сакате да го добиете.
Доколку имате висока миопија (кратковидост), имате поголем ризик за одлепување на ретината по операција на катаракта
Студиите покажале дека луѓето кои што се кратковиди имаат поголема можност за одлепување на ретината после операција на перде. Доколку сте кратковиди т.е. имате миопија и треба, т.е. планирате да правите операција на катаракта, мора заеднички со офталмологот да дискутирате за ризиците и бенефитите од ваквата операција. Нашиот тим кој е составен од искусни катарактни, витреоретинални и рефрактивни хирурзи, заеднички можат да ви го понудат најоптималното решение за навремена реакција и добар вид.
Катарактата со влијание врз работата на познатиот уметник Клод Моне
Клод Моне (1840-1926) беше познат француски сликар. Неговиот стил на сликање е познат како импресионизам, кој ги прикажува менувачките ефектите на бојата и светлината со текот на времето. На Моне му беше дијагностицирано катаракта, која лошо прогресираше во периодот помеѓу 1912 до 1922 година. Моне веќе не можеше да ги гледа боите со истиот интензитет како и претходно. Белите, зелените и сините бои на неговите претходни слики (сликата погоре), почнуваат постепено да се заменуваат со посилни удари со четката во жолти, кафеави и виолетови бои (сликата подоле).

Бојата на очи влијае може да влијае на појава на катаракта
Студиите покажуваат дека луѓето кои имаат темно кафени очи имаат поголем ризик за развојот на перде, отколку оние со посветли очи.
УВ светлината е познат придонесувач за развојот на катаракта без разлика каква боја на очи имате. Треба задолжотелно да ги заштитите очите од сонцето со 100% УВ блокирачки заштитни очила и да носите поголема или поширока капа.
Во одредени случаи, офталмолозите може да ви препорачаат операција на катаракта на двете очи, иако видот се уште ви е добар на едното око
По операцијата на катаракта на едно око, многу од луѓето нема да ја направат операцијата на другото око, сѐ додека не почне повеќе да им пречи во секојдневните активности. Меѓутоа, има одредени околности кога офталмологот може да препорача и операција на перде и на другото око, дури и кога пациентот нема никакви проблеми со видот. Замената на природната леќа на двете очи овозможува и помага видот да се балансира, што претставува клучен начин за намалување на ризикот за повреди кај некои луѓе (како на пр. повреда на колк при пад). Кај некои луѓе, замената на леќата кај второто око може им да го намали и ризикот од развој на сериозна форма на глауком, наречен глауком со затворен агол.
Во нашата болница, операцијата на перде е безболна, брза, сигурна и ефективна после која си заминувате дома, со отворени очи. Искуствата на нашите пациенти говорат дека со леснотија го поминале овој оперативен и постоперативен процес и уште утрешниот ден се враќаат на секојдневните обврски.