Третман на глауком

Глауком е прогресивна болест на очниот нерв, која ако не се третира, може да доведе до стеснување на видното поле, уништување на очниот нерв и значително, па и трајно губење на видот. Доаѓа без симптоми и затоа го викаат „тивок крадец“ или „тивок убиец“ на видот.

Колкава е зачестеноста на глаукомот?

Глаукомот е втората причина за слепило во светот. Досегашните студии покажуваат дека приближно 2-3% од популацијата постари од 40 години боледуваат од некој вид глауком, а се претпоставува дека кај дури 50% од случаите е непрепознатлив. Резултатите од направените студии покажуваат дека во 2010 година, бројот на заболени од глауком во светот изнесува 65,8 милиони, а се предвидува дека во 2020 година тој број ќе биде 78,6 милиони, додека, пак, до 2040 година би можел да нарасне на 111,8 милиони заболени. Во моментов, како последица на глауком има повеќе од 6 милиони ослепени луѓе во светот.

Кои се ризични фактори за појавата на глаукомот?

  • Животна возраст над 45 години
  • Присуство на глауком во семејството
  • Кај пациентите со покачен крвен притисок, хипотиреоза, дијабетес
  • Поради честа и долготрајна терапија на кортикостероиди
  • Повреди на очите
  • Поголема застапеност кај лицата со темна кожа поради анатомските карактеристики на очите

Што го предизвикува глаукомот?

Покачениот очен притисок се смета за главен фактор на ризикот при развојот на глауком. Нормалните вредности на очниот притисок се движат во распон од 8 до 21 mmHg. Според некои статистики, горната нормална вредност е 22 mmHg или дури 24 mmHg. Важно е да се напомене дека секое покачување на очниот притисок не значи дека личноста има глауком. На пример, лицата со окуларна хипертензија имаат вредност на очниот притисок повеќе од 21 mmHg, без видливи глаукомски оштетувања на очниот нерв или промена во видното поле, но кај нив поголем е ризикот за развој на глаукомска болест. Но, промените на очниот нерв и видното поле може да настанат и при нормален и при намален очен притисок.

Тогаш станува збор за нормотензивен и хипотензивен глауком. Глаукомот е синдром, што значи дека освен вредност на очниот притисок, мора да бидат присутни и промени на очниот нерв и видното поле.

Симптоми на глауком

Симптомите на глаукомот зависат од стадиумот и од типот на болеста и може да бидат непрепознатливи долго време. За жал, често во секојдневната практика се откриваат напредни оштетувања предизвикани од глауком, а лицето може да не забележало ништо. Глаукомот најчесто се открива уште во текот на првиот детален офталмолошки преглед, тогаш кога пациентите ќе почувствуваат пресбиопски грешки (старечка далековидост) и кога ќе се јават на преглед за одредување очила. Според некои истражувања, само половина од заболените што имаат глауком се свесни за својата болест. Во раните фази обично е асимптоматски и затоа често се нарекува „тивок крадец“ на видот.

Кај глаукомот со отворен агол обично не постојат симптоми. Многу често пациентите се јавуваат откако ќе настапат оштетувања на очниот нерв и промени на видното поле. Од друга страна, симптомите на глаукомот со затворен агол може да бидат многу мачни. Се манифестираат со изразено висок очен притисок, значителен пад на видата острина, болки во пределот на очите, главоболка, гадење и повраќање.

Основни видови глауком

Глауком со отворен агол

Непозната е причината за појава. Структурата на очниот агол низ кој поминува очната водичка изгледа нормално, но, и покрај тоа, протокот на очната водичка е забавен, таа останува во окото подолго отколку што би требало, така што доведува до покачување на очниот притисок. Ако не се лекува, го притиска и го оштетува очниот нерв.

Глауком со затворен агол

Причината за појава лежи во анатомската градба на очниот агол, кој е тесен или целосно затворен, што значително го отежнува истекувањето на очната водичка и го оштетува очниот нерв.

Инфантилен (детски) глауком

Може да се јави како вроден (конгенитален глауком), и помеѓу трета и шеснаесетгодишна возраст (јувенилен глауком). Често има полоша прогноза отколку кај глаукомот што се јавува кај возрасните луѓе.

Секундарен глауком

Може да настане по оперативен зафат на окото, повреда на очите, константни комплицирани воспаленија на очите, долготрајно консумирање кортикостероиди, системски болести како што се дијабетес или катаракта.

Безболни амбуланти ласерски зафати за лекување глауком: Јаг ласер иридотомија и селективна ласерска трабекулопластика (SLT).

Во „Систина Офталмологија“ постои можност да се изврши целокупна дијагностика на глауком во еден ден (бесконтактно и контактно мерење очен притисок, мерење на дебелината на рожницата – со цел прецизирање на висината на очниот притисок, преглед на очниот агол – гониоскопија, изработка и анализа на видно поле и анализа на очниот нерв – компјутерска кохерентна томографија (OCT).

Рано откривање глауком

Превенција на глауком не е можна, но можно е рано откривање на болеста и нејзино значително забавување:

  • Доколку во семејството има глауком, треба повремено да се прави целокупен преглед за глауком
  • Ако имате над 65 години, добро би било да се контролира очниот притисок на секои две години, без оглед на тоа што не чувствувате никакви симптоми
  • Доколку болеста е веќе дијагностицирана, редовно треба да се контролира и редовно да се користи пропишаната терапија

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.
1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00

Мерење на очен притисок

300,00

Мерење на очен притисок – дневна крива

1.200,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.
1.900,00

Видно поле

Испитување на едно око.
1.200,00

Видно поле

Испитување на двете очи.
1.650,00

YAG иридотомија

Цената се однесува на едно око.
6.100,00

Ласер кај глауком (ласерска трабекулопластика)

Цената се однесува на едно око.
5.000,00

Операција на глауком (трабулектомија)

Цената се однесува на едно око.
37.000,00

Цените се изразени во денари.