Деца и страбизам

Вршиме операции на сите видови на страбизам: хоризонтален, вертикален, парезе, нистагмус, двослик, во соработка со тимот на доктори од универзитетската клиника „Свјетлост“ , Загреб. Вршиме, воедно операција на страбизам и кај возрасни луѓе. Исто така, ги изведуваме и операциите на отварање и прочистување на солзни канали кај деца со краткотрајна општа анестезија. Ги користиме методите и оперативните техники како и во најдобрите светски центри.

Офталмолошки преглед на дете – неопходен чекор за правилен развој на видот

Офталмолошкиот преглед на детето е еден од најважниот преглед кој треба да го направи до 3-та година од животот. Интензивниот развој на видот трае до крајот на шестата година, а детето никогаш не е премало за офталмолошки преглед. Додека видот се развива, нарушувањата можат и мора да се лечат за да би се овозможило нормален развој на детското око и видот.

Ако попречувањата не се откријат на време, резултатите од лечењето во доцните фази се значително полоши. Прегледот е прилагоден на возраста на детето и не е болен. Во „Систина Офталмологија“ со користиење на најсовремената опрема, прегледот го изведуваат специјалисти офталмолози за деца и страбологија, а децата низ прегледот ќе се забавуваат и едуцираат.

Едни од најчестите болести на очите кои се неопходни да се лекуваат во детството се страбизмот, слабовидноста (мрзливо око, амблиопија), катаракта кај деца, нистагмус (тресење на очите). Доколку е потребно хируршко лекување, „Систина Офталмологија“ нуди молжност за заеднично сместување на децата со родителите. Сите видови на прегледи и зафати ги извршуваме во најкус можен рок.

Одредување диоптрија кај деца

Најчеста причина поради која децата доаѓаат на очен преглед е диоптријата (кратковидост, далековидост, астигматизам). Обично, кај малите деца, родителите забележуваат дека детето не гледа бидејќи ги приближува книгите и играчките, гледа телевизија на кратка оддалеченост или ги притиска очите и често трепка при обид да ги фиксира оддалечените предмети. Кај поголемите деца, најчестите проблеми настануваат кога децата воочуваат дека не може да читаат од училишната табла.

Децата што имаат рефракциска грешка, по долготрајно читање или играње игри на компјутер, се жалат и на главоболки. Тоа се случува бидејќи, поради изразена приспособливост на детското око, детето несвесно ја коригира својата диоптрија за да гледа добро, но вложува дополнителен напор, кој го уморува, а во некои случаи може да доведе и до оштетување на видниот/визуелниот систем.
Со оглед на тоа што детското око е во развој, секоја рефракциска грешка треба правилно да се коригира. За корекција на рефракциските грешки кај децата се препишуваат очила или контактни леќи.

Страбизам е нарушување на положбата или движењето на очите каде што двете очи немаат заеднички правец на гледање. Кај здравите очи, двете очи стојат рамно гледајќи во иста точка, а движењата се . Во некои случаи страбизмот настанува бидејќи е ограничена подвижноста на едното око во одреден правец. Кај децата страбизмот најчесто е вроден или се развива во раната детска возраст, но може да настане и кај механички повреди или различни неуролошки или внатрешни болести. Кај возрасните, страбизмот често настанува во случај на повреда на главата или очите заради парализа на некои од мускулите кои го движат окото. Исто така, може да настане и во склоп на некои ендокринолошки или имунолошки болести (болести на тироидната жлезда). Најчесто окото стои навнатре (есотропија) или нанадвор (егзотропија), а нешто поретко има вертикално нарушување на окото. Исто така, често еповрзано и со други нарушувања на видот (слабовидност, рефракциски грешки, нистагмус).

Зошто да се оперира страбизмот?

Страбизмот кај децата го нарушува здравиот развој на видот и затоа е важно што порано да се започне со лечење. Често е во комбинаџија со други пореметувања на видот кај децата, па затоа е потребно да се лечи во комбинација со други методи на лечење. Најчеста последица на страбизам е појавата на слабовидност (амблиопија) на око кое не е поставено во права линија. Слабовидноста може да се лечи само во детска возраст и затоа е најдобро страбизмот да се оперира додека видот е во фаза на развој.
Секое око активира шест мускули, а имплусот за движење доаѓа од мозокот кој во нормални услови секогаш е ист за двете очи. Со синхронизирани движења на очите се постигнува совршена соработка на двете очи, овозможувајќи развој на бинокуларниот вид, односно се гледа со двете очи истовремено. Притоа, две различни слики се спојуваат во мозокот каде се овозможува створување на една слика во три димензии (стерео, 3D вид). Ако двете очи не стојат право или се работи за некоја ограничена подвижност на поединечно око, човекот има двојна слики или дупликат.
Тоа се случува бидејќи мозокот не може да обедини две различни слики. Возрасните таквата ситуација не можат да ја прифатат и често мора да го затвораат окото кое им бега за да можат нормално да функционираат во секојдневниот живот. Кај децата, мозокот кој е многу поприлагодлив, несвесно ќе го исклучат окото кое не стои рамно или не се движи и постои опасност дека ќе се развие претходно споменатата слабовидност на исклученото око, кое веќе не може да соработува во гледањето. Како резултат на тоа, не може да се развие бинокуларен и стерео вид.
Операцијата на страбизам се врши и кај возрасни луѓе кои немаат никакви пречки, иако развојот на видот е веќе завршен. Во такви случаи, операција се врши од козметички и социоекономски причини (заедничка општествена стигма и исклученост). Со отстранувањето на страбизмот на пациентот му се овозможува подобар естетски изглед и полесна социјална прилагодливост.

Како изгледа оперативниот зафат?

Во случај кога операцијата е најдобро решение, по прецизни предоперативни испитувања се врши зафат на мусклулите кои го движат окото. Операцијата на страбизам се врши под општа анестезија и трае во зависност од сложеноста на зафатот, од половина час до час и половина. Целта на операцијаата е да го доведе окото во посакувана положба, а во случај на парализа, на очниот мускул му се враќа подвижноста. За да се постигне посакуваната положба на окото, потребно е с операција да се ослабне или појача дејството на мускулот. Тоа се постигнува со померување на фатиштето на мускулот, сккратување, расцепување или создавање на двојно фатиште на самиот мускул. Во случај на парализа на мускулите (намалена подвижност), на парализираниот мускул му се придружуваат здрави мускули кои го опкружуваат за да му се подобри подвижноста/мобилноста. Со операцијата на страбизмот на пациентот му се олеснува држењето на двете очи во иста рамнина. Во повеќето случаи се постигнува комплетна излеченост.

Како изгледа и колку трае опоравувањето?

По операцијата на страбизам, пациентот може уште истиот ден да си оди дома. Наредното утре се врши прва контрола. Кај децата се препорачува до првата контрола да останат во клиничкото сместување заедно со родителите. Во раниот постоперативен период (до седум дена) постои вообичаено чувство на непријатност и чувствителност на светлина. Потребни се околу две недели, раната целосно да зарасне и окото повторно да стане потполно бело.
Во период до три недели по операцијата се применува пропишана терапија со капки. За време на тој период се препорачува да се избегнува тежок физички напор, базени и задимени простории. Втората контрола се прави по една недела, а третата месец дена по операцијата.
Децата можат повторно да одат во градинка или во училиште по две недели. Враќањето на работа зависи од типот на работата. Кај канцериската работа може уште по седум дена да се врати лицето на секојдневните обврски.

Што е слабовидост?

Ако видната острина е намалена на двете очи, детето јасно покажува знаци на слаб вид, и родителите треба да побараат лекарска помош. Но, ако видот е ослабен само на едното око, родителите и околината не може да го забележат тој проблем, со оглед на фактот што детето го користи здравото око, а целосно несвесно не го користи слабовидото око. Притоа, мозокот прима информации што доаѓаат од здравото око и бидејќи не може да спои две различни слики, информациите од слабовидото око се потиснуваат, што доведува до развој на слабовидост, односно застој во развојот на окото што не го користи.

Ако тоа се случува во најраниот период, кога мозокот и окото сè уште не се развиле, видот на слабовидото око може да остане многу слаб, бидејќи слабовидото око е запоставено уште од почетокот и не добива шанса да се развива. Можноста за таков проблем кај детето е поголема ако некој во семејството има сличен проблем.

Лекување слабовидост

Кога ќе се открие слабовидо око, познато и како мрзливо око, потребно е на детето да му се даде корекција на очила што ќе му одговара и да се затвора (оклузија) здравото око, со цел слабовидото око да се присили да гледа и на тој начин да се развива. Периодот на затворање на очите зависи од тежината на амблиопијата и од возраста на детето, а трае од еден до шест часа дневно.

Потребно е фластерот (оклудерот) да се стави над окото, а не над очилата, за да се оневозможи окото да гледа настрана. Докажано е дека ефектот на оклузијата е поголем доколку детето прави нешто на близина (црта, чита, игра игри на компјутер). Со оглед на тоа што децата често се противат на носењето фластер, потребни се големо трпение и голема упорност за да се постигне саканиот ефект. Детето што мошне слабо гледа на непокриеното око повеќе ќе се противи на затворањето на доминантното око, отколку детето што има подобар вид. На родителите тоа треба да им биде знак за поголема упорност и поголема трпеливост.

Во некои случаи, позитивен ефект на слабовидоста има и операцијата на страбизам. Колку подоцна се открие слабовидото око, толку помали се шансите за подобрување и развој на видот. Кај малите деца, окото и видните центри во мозокот сè уште се во „пластична фаза“ и клетките сè уште се способни да научат да гледаат и да го надоместат пропуштеното време.


Зошто настанува вродена катаракта?

Понекогаш детето може да се роди со катаракта на едното или на двете очи. Таквите вродени катаракти обично настануваат поради нарушување на развојот или, пак, поради некои инфекции додека детето сè уште е во мајчината утроба. Со оглед на тоа што заматената леќа го спречува влегувањето на светлината во окото, дури и ако остатокот од окото е целосно здрав, ако катарактата не се отстрани веднаш, видот на детето не ќе може да се развива и ќе остане слабовидо дури и по успешно направена операција. Затоа, вродената катаракта треба да се оперира колку што може поскоро, дури и на бебешка возраст.

Како изгледа операцијата на вродена катаракта?

За време на операцијата се прави засек од само неколку милиметри и со помош на ултразвук се отстранува заматената леќа, а на нејзино место, со помош на мал засек, се става вештачка леќа. Вештачката леќа се наоѓа на истото место на кое била и природната, така што не може да се види дека е во окото и трае цел живот. По операцијата на катаракта, на детска возраст, потребно е лекувањето да продолжи (очила, оклузија) со цел да се подобри развојот на видната острина на оперираното око. Операцијата се изведува под општа анестезија и трае до десет минути по око. Бидејќи природната леќа кај бебето е помека отколку кај повозрасните лица, кај кои вообичаено се врши таквата операција, ултразвучниот дел на операцијата може да се направи со значително помалку енергија, а со тоа е помалку трауматична за окото.

Зошто „Систина Офталмологија“?

Со цел, по операцијата, да бидеме колку што може поблиску до физиологијата и функционирањето на детското око, кое има акомодација (адаптација на видот на сите далечини), во „Систина Офталмологија“ вградуваме леќи што се најблиску до нашиот природен вид. Со вградувањето такви леќи постои можност очите на детето да му се приспособат да гледаат на сите далечини (блиску, средна далечина, далеку), а со тоа и да му се подобри видот. На располагање се повеќе такви видови леќи, од кои ги издвојуваме најмодерните леќи „Symphony“, кои имаат поширок опсег на вид.

Стеснување на солзните канали

Родителите на многу мали деца, кои сè уште се доенчиња, често доаѓаат бидејќи на детето му „солзи окото“. Веднаш по раѓањето тоа може да биде последица на вагинална инфекција и се пренесува со поминувањето на плодот низ породилниот тракт, и бара лекување со локален антибиотик. Меѓутоа, многу се чести последиците од неотворање на каналот што се наоѓа помеѓу очите и носот, па затоа доаѓа до акумулација на вишокот солзи во солзното ќесе, кое се наоѓа на почетокот од каналот, и до враќање на вишокот солзи во окото.

Ова многу лесно се проверува со притискање на областа на каналот што ќе предизвика ненадејно излегување на секретот од окото. Кај 90% од децата, каналот спонтано се отвора во текот на првата година од животот. Сè додека окото не е воспалено, не е потребно давање никаков антибиотик, туку само редовно испирање и масирање во областа на каналот според насоките на офталмологот, за да може спонтано да се отвори. Кај мал број деца, каналот не се отвора во текот на првата година и тогаш е потребно да се отвори со тенка сонда под општа анестезија. Интервенцијата трае десетина минути и се изведува со многу тенки сонди приспособени на возраста на детето. По интервенцијата, потребно е уште некое време да се масира и хигиенски да се одржува местото.

Во ретки случаи, доколку по сондирањето не се отвори каналчето, интервенцијата може да се повтори со вградување силиконско цевче, кое во окото се остава шест месеци, со цел отворениот канал да не се затвори повторно спонтано.