Logo

Наши услуги

 

Офталмолошки прегледи

Во „Систина Офталмологија“ секојдневно извршуваме различни офталмолошки прегледи. Основниот офталмолошки преглед се состои од одредување на видната острина со диоптрија на далеку и близу, мерење на очен притисок, преглед на предниот сегмент на окото со биомикроскоп (очни капаци, конјуктива, рожница, зеница и леќа) и субспецијалистички преглед со ширење на зеници со преглед на задниот сегмент на окото – фундус (стаклестото тело, очниот нерв, ретината и крвните садови.

Доколку окото е здраво и има само диоптер, на пациентот може да му се препишат очила било за далеку и блиску или прогресивни очила.

Ако за време на прегледот се утврди дека има некоја очна болест (воспаление, катаракта, суво око, проблек со очните капаци, болест на макула, дијабетична ретинопатија, глауком) тогаш на пациентот му се препишува терапија или му се прават додатни испитувања и се препратува до субспецијалист офталмолог кој е специјализиран за специфична проблематика.

Офталмолошкиот преглед во просек трае околу час, доколку не се потребни дополнителни испитувања. Поради ширењето на зениците видот неколку часа по прегледот може да биде благо заматен и во тоа време не се препорачува управување со возила.