Logo

Наши услуги

 Страно тело во око

Страно тело во окото може да биде било што – од честичка прашина, билка, стакло па се до метал. Кога страното тело ќе се најде во окото, тоа значи дека ја пробило рожницата и белоочницата и направило штета на внатрешната структура на окото односно на шареницата, леќата или во најтешките случаи мрежницата или ретината. Мрежницата е најдлабоката структура на окото која овозможува претворање на светлината во нервен сигнал кој се пренесува во мозокот каде се формира сликата која ја гледаме.

Кои се најчестите симптоми на страно тело?

Симптоми на страно тело во око се: непријатно чувство или притисок во око, болка, солзење, фотоосетливост, зачестено трепкање, не можност да се отвори окото, црвенило или podljev oka.

Страното тело најчесто предизвикува гребнатина или осекотина/ерозија на рожницата. Овие повреди најчесто се минорни и проаѓаат со антибиотска терапија во вид на капки и со носење на меки терапевтски контакни леќи. Ако паралелно, со претходно споменатите симптоми, почне да истекува течност или крв од окото или нагло слабее видот, веднаш треба да се упатите на офталмолог затоа што постои голем ризик дека станува збор за страно тело кое ја пробило внатрешноста на окото.

Преглед на око со страно тело

На прегледот, офталмологот ќе ви стави анестезија во вид на капки за да може детално да ве прегледа и да го извади страното тело од рожницата или конјуктивата. Офталмологот ќе го обои окото со флуоресцин за да може да види која големина се исекотините и дали постои знак дека е пробиена рожницата. Задолжителен дел од прегледот е и ширење на зеници со капки за да може детално да се прегледа внатрешната структураа на окото. Страното тело на овој начин може директно да се види. Доколку постои крварење, тогаш на самиот преглед се прави и ултразвук на окото.

Како се вади страно тело од окото?

Ако станува збор за повреда која е длабока и страното тело пробило во внатрешноста на окото, тогаш се право оперативен зафат со кој се отстранува страното тело и се шие рожницата или ili spojnice. Ако страното тело е сместено во очното јаболко, тогаш се вади со витректомија. Кога тогаш, како последица на овие видови на повреди, може да се развие и трауматска катаракта при што е потребна операција за отстранување на катарактата (перде). Во „Систина Офталмологија“ работиме со инвазивна витректомија со мали отвори од 1mm. Страното тело се вади од окото со специјални пинцети или магнети. Повредите кои се предизвикани од страното тело мора веднаш да се третираат со помош на антибиотски капки, додека длабоките повреди со системски антибиотици затоа што постои голем ризик од бактериска инфекција.

Каква е прогнозата?

„Пробиените“ повреди може да предизвикаат заматување на рожница која може да се реши со трансплантација на рожница, повреда на леќата при што се формира катаракта и повреда на ретината која може да предизвика аблација односно одвојување на ретината која се третира со витректомија. Конечниот вид зависи од оштетувањето кое страното тело го направило во внатрешноста на окото, како и од брзината и стручноста при третманот на овие повреди.

Зошто Систина Офталмологија?

Затоа што можеме да организираме оперативен зафат во рамките на 24 часа, 365 дена во годината. При повреди на очите, подготвени сме да ја санираме повредата на рожницата, шареницата, да оперираме трауматска катаракта и да го извадиме страното тело и да ги „поправиме“ оштетувањата на ретината. Операциите на очи ги работиме со локална анестезија во присуство на анестезиолог кој ги следи виталните параметри. Кај „пробиените“ повреди многу е важно да се реагира брзо, поготово поради ризик од инфекции и шансите за добро опоравување се поголеми. После операцијата на очи, пациентот може да преспие во клиниката при што добива 24 часовна нега и терапија, како и секојдневен надзор од докторите со можност за повторна интервенција доколку е потребна.