Logo

Наши услуги

Дегенерација на макула

Старосна дегенерација на макула или жолта пега

Макула или жолта пега е средниот дел на ретината или мрежницата која ни овозможува централен вид, читање и разликување на фини детали. Дегенерација на макулата е болест која најчесто се јавува кај постари лица, обично над 50 години, а резултира со губење на видот во средишниот дел на видното поле така што отежнува и оневозможува читање и препознавање на лица, иако останатиот перифеерн вид омозможува останати секојдневни активности. Ризик фактори освен годиите, се и семејна анамнеза, пушење, висок крвен притисок и маснотии. Оваа состојба се јавува во две форми: „сува“ и „влажна“.

Што е сува, а што влажна макуларна дегенерација?

Сувиот облик на макуларна дегенерација се карактеризира со промени со кои доаѓа до пропаѓање на клетките на мрежницата одговорни за вид. Сувиот облик поспоро напредува од влажниот облик на макуларна дегенерација и со тек на време доведува до неповратно намалување на видната острина. Најтешкиот облик на сува форма на макуларна дегенерација доведува до потполно оголени делови на межницата кои личат на географска карта. Во моментот не постои ниту еден делотворен начин на лекување на сува макуларна дегенерација, но постои начин да се забави нејзината прогресија, со помош на витамински комплекси со висока концентрација на антиоксидансот лутеин кои докажано го успоруваат напредувањето на сува сенилна дегенерација на макулата, како и нејзино преминување во влажна.
Влажниот облик на сенилна макуларна дегенерација се карактеризира со пропаѓање на ткивата во макулата кое доведува до раст на абнормални крвни садови, крварење и нивно пропуштање на течност во околните ретинални ткива. Последица на тоа се отоци и ексудати кои ги раслојуваат ретиналните слоеви што доведува до оштетување на нервните клетки и фоторецепторите.

Кои се симптомите на влажна макуларна дегенерација?

Слабеење на централниот вид, отежнато читање, појава на сенка во централниот дел на видот или губење на дел од сликата во центарот, искривени линии ( пр. при решавање на крстозбор) потешкотии при разликување на бои и бавно опоравување на видот при преминување од светла во темна просторија, се најчестите симптоми на оваа форма на макуларна дегенерација.

Како се дијагностицира влажната макуларна дегенерација?

Искусен офталмолог, со само ширење на зениците и рпеглед на макулата може да увиди крварење и отекувања на жолтата пега. Потврда на дијагнозата се добива во текот на истиотп преглед преку ОЦТ снимање. Понекогаш, дополнителна потврда на дијагнозата се прави со флуоресценска ангиографија.

Како се лечи влажна макуларна дегенерација?

Иако влажната дегенерација за разлика од сувата, причинува брз губиток на видот, денес постојат многу ефективни лекови познати како анти – ВЕГФ ((engl. anti-Vascular Endotheilal Growth Factor) кои го смалуваат крварењето и истекувањето на течност под макулата и го подобруваат видот. Лековите мора да се примаат во облик на инекција во око. Инекцијата се дава во око со локална анестезија и не се болни, Откако апликацијата ќе се изврши амбулатно, пациентот си оди веднаш дома. Лекувањето треба да започне рано, трае од неколку месеци до неколку години, подразбира апликација на интравитреални инекции во различни временски интервали (согласно препораката од лекар). Во Македонија регистрирани лекови на пазарот се Авастин (bevacizumab) и Eylea (aflibercept), а во клиничка фаза на испитување е Фовиста (anti-PDGF – engl. Anti Platelet Derived Factor) и Бролицизумаб.

Зошто е важно рано откривање на болеста и превенција?

За пациентите кои се постари, многу е важно да се направи превентивен офталмолошки преглед каде со едноставно ширење на зениците може да се утврди во каква состојба е макулата. Почетните промени на влажна дегенерација може да се дијагностицираат пред пациентот да забележи промени во видот и успешно да се лечат со споменатите инекции,

Зошто Систина Офталмологија?

Лекувањето со инекции се прави амбулантно и целата процедура трае 15-на минути. Лекувањето се планира индивидиуално затоа што нашиот ОЦТ овозможува откривање и на најсуптилните промени. „Систина Офталмологија“ е дел од групацијата „Свјетлост“ кои имаат големо искуство во третманот на оваа болест, затоа што започнале аплицирање од 2005 година, неколку месеци откако овој третман е откриен во Америка. Во моментот, клиниките „Свјетлост“ се дел од американска студија за испитување на Фовиста, новиот лек за влажна макуларна дегенерација поради тоа што го задоволува потребното дијагностичко-технолошко ниво за испитување на нови лекови за болести на ретината.