
д-р Весна Чадо
Септември 28, 2020
Очигледно е дека, вирусот Ковид – 19 ќе биде закана за здравјето , подолго отколку што очекувавме. Периодот за кој се надевавме дека е „фаза на транзиција“ , се претвора во наша реалност. Здрвствените установи се под постојан притисок, да ги редизајнираат просториите во кои што работат и да спроведуваат безбедоносни протоколи за употреба на заштитна опрема, тестирање на антитела кај персоналот, одржување на социјална дистанца и за изнаоѓање на нови модели на комуникација. Сето ова, е услов , за да може да се обезбеди висок квалитет на грижа за пациентите.
Колку побргу се прилагодиме на новите услови, толку подобро ќе создаваме позитивни искуства за нашите пациенти, вработени и за заедницата во целина. Од најдобрите практики на Систина Офталмлогија, произлегува дека здравствените установи во иднина, треба да се фокусираат на човечките искуства и тоа во четири насоки :
1. Редизајнирање на просторите во болниците и воведување на нови здравствени политики
Заради континуирано обезбедување на сигурна и високо -квалитетна нега за пациентите, просториите на болниците мора да бидат организирани , според новите безбедоносни протоколи. Тоа подрзабира, просторите да се оградуваат со заштитни пластични прегради и да се направи надградба на системите за вентилација и филтрација на воздухот во болницата. Неодминлива е соодветна употреба на лична заштитна опрема за медицинските работници и скрининг на пациентите, поради спречување на ширењето на вирусот во болнички услови. Политиките ќе се менуваат во зависност од новите сознанија за вирусот, тестирањата и вакцините.
Дополнителни напори треба да се вложат во развивањето на дигитализацијата на здравствените услуги, кои треба да бидат поддржани од страна на државата преку различни видови надоместоци .
2. Фокусирање на благостојбата на медицинскиот персонал
Потребите, ставовите и предлозите на лекарите, за начинот на кој треба да се практикува медицината во новите околности, стануваат исклучително важни за обезбедување на високо квалитетна нега и одлични искуства на пациентите. Медицината е меѓу најсензитивните професии , се однесува директно на здравјетно на луѓето и затоа за време на пандемијата, беше најпотребна и најранлива услужна дејност. Затоа, менаџментот на болниците, треба да вложат напори и ресурси во развивање на активности со кои се намалува стресот и се постигнува физичка и емотивна благостојба на медицинскиот персонал . Ваквите програми, претставуваат активности кои може да обезбедат персонализирано следење и асистенција за вработените.
3. Дигитализација на комуникацијата
Клиниката Кливленд, објави дека за време на кризата, 80 % од посетите на пациентите биле направени преку telehealth технологијата, која овозможува давање на здравствени услуги преку електронски, информациски и телекомуникациски технологии. Дигиталната трансформација на комуникацијата со пацинетите, во иднина значително ќе влијае на искуството на пациентите и на иновациите во здравството.
Таа вклучува неколку аспекти : (1) користење на мобилни уреди и апликации за полесно следење на здравствената состојба, (2) развој на технологии за евидентирање на податоци на пациентите и (3) технологии за анализарање на бази на податоци. Здравствените стратегии кои ќе се однесуваат на дигитализацијата на услугите, ќе бидат од суштинско значење, за сите кои нудат здравствени услуги, без оглед дали се работи за превентивни прегледи, или комбинација од физички и онјалн прегледи.
Напредната употреба на иновативни дигитални алатки и далечинскиот мониторинг, ќе ја подобри мобилноста на пациентите , истовремено обезбедувајќи точност на медицинските резултати. Дигитализацијата на медицинската пракса, дефинитивно ќе помогне да се намали времето што пациентите го минуваат во болниците, со тоа и ризикот од ширење на вирусот, а веројатно ќе обезбеди и подобри клинички резултати. Сепак, многу прашања во врска со искуствата на пациентите кои произлегуваат од дигитализација на комуникациите остануваат отворени. Тука спаѓа заштитата на приватноста на пациентите и инвните медицински извештаи, како и достапноста и користењето на истите.
4. Инвестиција во знаење
Периодот кој следува по пандемијата, како неопходност наметнува нови стандарди во стратешкото планирање и работење на болниците за да обезбедат позитивни искуства за пациентите и сопствена одржливост. Тоа без исклучок препоставува потреба од интегрирано следење и и континуирано имплементирање на последните академски истражувања и најдобри медицински практики.

Dr. Vesna Cado, is a Co-founder & Managing partner at Eye Hospital Sistina Oftalmologija / Chief Experience Officer / Researcher / International University of Monaco
