Известување за целта и начинот на спроведување на услугата „Онлајн консултација“
Почитувани пациенти,
Услугата “Онлајн консултација” е создадена со цел да ги задоволи Вашите основни здравствени потреби, при вонредни услови во нашата држава и светот, кога не сте во можност да излезете од своите домови и да дојдете во нашата болница.
Докторот ќе ги сослуша Вашите потешкотии и проблеми, врз основа на податоците кои ќе ги споделите со него, доколку има потреба ќе побара да се направат испитувања и доколку одлучи дека е потребен физички преглед ќе Ви предложи да се закаже термин за физички преглед. Нашата цел со оваа услуга е да се обидеме да спречиме посериозно заболување кое може да се појави при одложување на процесот на поставување дијагноза и одложување на лекувањето, како и да се дадат предлози во зависност од тегобите на пациентите со хронични болести кои се следат од страна на нашите доктори. Притоа, оваа услуга никогаш не треба да се споредува со процесот при физички преглед и Вашите очекувања не треба да бидат во таа насока. Покрај тоа, Вашите лични податоци, тегоби и медицинската документација која ја споделувате со нас, сметајќи ги за ваши лични, ќе ги обработуваме согласно Правилата за заштита на лични податоци.
Видео разговорот кој ќе биде направен ќе биде во рамките на приватноста на пациентот и докторот и во ниеден случај нема да биде снимен. Исто така доколку пациентот го сними видео разговорот, истото ќе се смета за повреда на приватноста на докторот и пациентот. Разговорот и заклучоците од него ќе бидат евидентирани во болничкиот информативен систем и ќе бидат дел од медицинска документација на пациентот.
По извршената наплата на оваа услуга, на пациентот му се испраќа ова Известување и Согласноста на е-маил адресата која ја впишал при регистрацијата на веб страницата, кој истиот е должен со повратен мејл да ги потврди истите дека ги разбрал и е согласен со условите. Во истиот момент телефонски се контактира од Контакт центарот кој го известува пациентот дека има добиено мејл кој треба истиот да го потврди.
Пациентот лично закажува термин за Онлајн консултација преку Контакт центарот на ПЗУ „Систина Офталмологија“ Скопје, кај кој доктор бара, како и ги дава потребните податоци, како име презиме, возраст и телефонски број за контакт.
Изјава за согласност од пациент кој ја користи услугата Онлајн консултација
Под морална, материјална и кривична одговорност:
- Изјавувам дека во целост ја разбрав целта и начинот на спроведување на Онлајн консултацијата, условите опишани во истата и изјавувам дека истите ќе ги почитувам во целост и нема да ги злоупотребам во ниту еден случај;
- Изјавувам дека запознаен/а сум дека видео разговорот е забрането да се снима и истото ќе го почитувам во целост;
- Изјавата ја давам доброволно и истовремено го потврдувам сопствениот идентитет и точноста и веродостојноста на личните податоци кои ги дадов при закажување на термин во Контакт центарот на ПЗУ „Систина Офталмологија“ Скопје
- Се согласувам да бидам идентификуван со покажување на документ за лична идентификација на почетокот на Онлајн консултацијата – Видео разговорот, и согласен сум ПЗУ „Систина Офталмологија“ Скопје да ги обработува моите лични податоци (вклучувајќи го и ЕМБГ) согласно важечката законска регулатива, со цел спроведување на Онлајн консултацијата и издавање на Лекарски извештај. Исто така, запознаен/а сум дека податоците нема да бидат откриени на трети страни и истите по остварување на целта заради која се прибрани ќе бидат соодветно избришани. Податоците се користат само за целта наведена погоре и болницата на сигурен и безбеден начин ги прибира и постапува со истите.
- Согласен сум по направената Онлајн консултација да ми биде издаден Лекарски извештај испратен на мејл адреса.
Доколку постапам спротивно на претходно наведените точки согласен ПЗУ „Систина Офталмологија“ Скопје да поведе соодветна постапка пред надлежен орган.