На 11.04.2024 присуствувавме на првиот симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС “ЗА НАС” на тема “Нови перспективи во офталмлогијата”.

Симпозиумот беше одржан во хотел “Kонтинентал” во Скопје и на истиот присуствуваа голем број офталмолошки сестри, медицински техничари, соработници и добронамерници од цела Македонија меѓу кои беа и нашите вработени: нашата главна сестра Снежана Ујевиќ, нашата оптометристка Елеонора Стојмановска, мед. сестра Тина Јанева, мед. сестра Лиле Трајковска-Беслаќ, мед. сестра Весна Маџарова, мед. сестра Ивана Денковска, мед. сестра Емилија Илиевска, мед. тех. Никола Петроски, нашата главна сестра од Промедика Офталмологија Елена Маневска и мед. сестра Ирена Наумовска.

На настанот Емилија Илиевска исто така одржа презентација на тема “Подготовка на пациент за офталмолошки оперативен зафат”, додека пак Никола Петрески зборуваше на тема “Улога на медицинската сестра во корнеална рефрактивна хирургија – LASIK и PRK”.

Дополнително на симпозиумот присуствуваа и дел од нашите доктори: д-р Фанка Гилевска, д-р Диме Заев, д-р Гордана Златева и д-р Амира Села-Хоџиќ.

Погледнете дел од атмосферата и слики од настанот подолу: