Честопати, слушаме дека е потребно барем еднаш годишно да се направи детален офталмолошки преглед. Под ваквиот преглед ние подразбираме преглед со проширување на зениците или супспецијалистички преглед. Навидум изгледа страшно, но е сосема безболно и корисно за офталмолозите, за да ја проверат состојбата на внатрешните структури на окото, како очниот нерв, ретината, макулата, како и точната диоптрија. Ова е клучен чекор за превенција и лекување на очни состојби кои можат потенцијално да доведат до губење на видот.

Која е намената на супспецијалистичкиот преглед?

Со основен офталмолошки преглед офталмологот може само да ја одреди диоптријата, да измери очен притисок, одреди видната острина и прегледа предниот сегмент на окото (очни капаци, конјуктива, рожница, зеница и леќа), а со тоа да ви препише рецепт за очила, доколку ви се потребни. Меѓутоа, на прегледот со тесна зеница има ограничен поглед кон заднината на окото, што е многу важна за јасен вид.

Затоа, се капат капки за проширување на зениците. Првично, може да почувствувате мало боцкање кога првпат се капнуваат, но непријатноста е обично мала и краткотрајна.

Проширувањето на зеници се прави и за одредување на точната диоптрија или окото да не има скриена диоптрија (рефрактивни грешки), што уште се нарекува и циклоплегична рефракција. Капките привремено ги парализираат мускулите кои му помагаат на окото да фокусира и да ја акомодира светлината, што му овозможува на докторот да ја одреди точната диоптрија и да препише точен рецепт за очила. Се користи кај: деца, пациенти заинтересирани за ласерска корекција на диоптрија и пациенти по 40-тата година (старосна диоптрија).

Нормална зеница и проширена зеница

Колку време е потребно да се прошират зениците?

Откако ќе се стават капките, обично се потребни 20-30 минути за целосно да се прошират зениците, индивидуално во зависност од вашата реакцијата на медикаментите. Потоа, офталмологот ве прегледува со светлосен микроскоп.

Проверка на заден сегмент

Какво е чувството да имате проширени зеници?

Првично, очите ви чувствителни на светлина, бидејќи зеницата е поголема и прима повеќе светлосни зраци во окото.  По прегледот, добро би било да носите очила за сонце. Ќе имате заматен вид и ќе имате потешкотии при читање, но не е ништо страшно. Сепак, во вакви случаи, се препорачува да дојдете со придружба и да не возите по прегледот.

Колку време е потребно зениците да се вратат во првичната форма?

На зениците, обично им е потребно 2-4 часа да се стеснат. Кај некои пациенти може ова да трае и подолго.

Кои состојби може да се дијагностицираат со овој преглед?

  • Глауком
  • Макуларна дегенерација
  • Дијабетична ретинопатија
  • Аблација на ретина
  • Окуларен тумор
  • Висок крвен притисок
  • Рефрактивни грешки

 Како да знам кој преглед да го закажам?

Основниот офталмолошки преглед е преглед на кој се проверува преден сегмент на окото (контрола на диоптрија, алергии, иритации, сувост на очите, страно тело во око) и се препорачува кај лица со веќе познати болести на очите, како редовен контролен преглед.

Супспецијалистичкиот преглед е подетален преглед и се состои од проверка на преден сегмент, како и определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв). Овој преглед се препорачува кај лица кои не биле до сега на очен преглед, како и кај лица кои подолг период не направиле преглед, а имаат очигледни промени во видот.

Секако на закажаниот преглед, доколку офталмологот утврди потреба од друг вид на преглед или дополнителни испитувања, ќе ви укаже така што нема да згрешите било кој преглед да закажете.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.000,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.