Висар Полику (вградување на факични леќи)

Д-р Билјана Костовска, Висар Полику и оптометрист Виданка Младеновска

Висар Полику има 30 години и живее и работи во Минхен. Поради проблемот со видот, Висар побара решение во нашата клиника и на прегледот се утврди дека е кандидат за вградување на факични леќи.

Факичните леќи се препорачуваат кај лица над 18 години кои имаат висока диоптрија и/или тенка рожница, како и кај лица кои поради други критериуми не се кандидати за ласерската корекција на диоптрија.

„Носам очила од мои 20 години и можам да кажам дека не ги сакав. Ми сметаа при пливање, вежбање, кога ќе излезам со пријателите, некако не се вклопуваа со мене, а се занимавам и со моделство што ми правеше дополнителен проблем. Пробав да носам контактни леќи, ама окото не ми ги прифаќаше. По препорака дојдов во ‘Систина Офталмологија’ кај д-р Билјана Костовска. Диоптријата не ми беше стабилна и мораа одреден период да ме следат. Мојата состојба наложуваше да ми се имплантираат (ICL) фаќични леќи, како метода на корекција на диоптрија. Бев храбар и упорен, се враќав на контроли во Македонија и конечно минатата година дојде време да ја направам операцијата. Голем дел од луѓето ме демотивираа и беа песимисти, ама јас ризикував и вредеше. Моралната поддршка која ја имав од тимот на ‘Систина Офталмологија’ и моето семејство особено ми значеше. Операцијата заврши брзо и кога станав гледав веќе поинаков свет, гледав сѐ наоколу и бев пресреќен. Ова претставува неверојатно искуство за мене, беше апсолутно безболно и одлично функционира.

Како ќе ја опишам болницата? Професионален тим, пријатна атмосфера, позитивно пречекан, мотивиран и морално поддржан од сите. Многу ми е драго што ги запознав скоро сите од тимот и што секое доаѓање на контролни прегледи ми е уживање. едно огромно БЛАГОДАРАМ на овој извонреден тим“ – Висар Полику.