Ванчо Михов (операција на катаракта и замена на леќа)

sistina-oftalmologija-operacija-katarakta-biljana-kostovska
Д-р Билјана Костовска и Ванчо Михов

Ванчо Михов (67 години) дојде во нашата клиника на преглед бидејќи не бил задоволен од видот на десното око на кое веќе имал операција. Во меѓувреме, на левото око се развива катаракта која полека созрева и го намалува видот. Д-р Билјана Костовска ги  оперираше двете очи во истиот ден така што на десното око направи замена на леќа со нова, која според испитувањата е посоодветна за Ванчо, а на левото око ја отстрани катарактата.

„Во 2015 година, бев на операција за отстранување на катарактата на десното око. И по операцијата, видот ми беше заматен, гледав сенки и ми се намали и тоа на двете очи. Како дедо на четири внучиња, не можев да ги извршувам како што сакам секојдневните активности. Па поради тоа, знаев дека морам да одам на очен преглед. Се распрашав каде да одам и каде е најдобро, и мојот син и ќерка ми ја предложија ‘Систина Офталмологија’. Додека размислував каде да одам, на емисија на ТВ ја видов д-р Билјана Костовска, која многу убаво ја објасни проблематиката со старечкото перде, како се одвива самата операција и дека уште истиот ден си одам дома. Закажав преглед и заедно со сопругата дојдовме при крајот на работното време. Односот на докторката беше навистина фантастичен и ми рече дека морам двете очи да ги оперирам – десното око кое беше претходно оперирано, да се направи корекција така што ќе ми стават нова леќа, додека левото око секако морав да го оперирам бидејќи катарактата ми била презреана. Бидејќи веќе бев во болницата решив уште истиот ден да се оперирам. Ме подготвија медицинските сестри за операција и за отприлика неполн час завршивме и си отидов дома. По операцијата, само требаше да користам капки и да правам редовни контроли кај докторката која редовно ја следи мојата состојба. Не се опишува колку сум задоволен и благодарен од целиот тим на ‘Систина Офталмологија’ за  позитивна енергија која ја шират и односот на докторката со хуманост и грижа кон мене. Сега гледам подобро благодарение на вас. Можам да се вратам на секојдневните активности и да им помагам на внучињата при нивната игра и едукација, а дополнително и во домашните обврски и на мојата прекрасна сопруга со која сум веќе 40 години во брак.“