Услуги

Ласерска корекција на диоптрија

Со отворањето на Одделот за рефрактивна хирургија, од 2015 година „Систина Офталмологија“, заедно со универзитетската клиника „Свјетлост“ Загреб, овозможи вршење ласерска корекција на диоптрија со примена на најсовремена опрема, искусен кадар и прецизна дијагностика.

 

Проф. д-р Никица Габриќ, основачот и управител на „Свјетлост“, е офталмохирург што прв извршил ласерска корекција во регионот, на која и самиот тој се подложил. Во последните 19 години, само во клиниката „Свјетлост“ во Загреб, ласерски е отстранета диоптријата на повеќе од 45.000 очи, а во другите 3 клиники во Сплит, Сараево, Бања Лука, вклучувајќи ја и „Систина Офталмологија“ во Македонија, уште 13.000 очи.

 

На пациентите што не се кандидати за ласер поради високата диоптрија им нудиме можност за корекција со вградување посебни интраокуларни леќи (ICL). Нашите рефрактивни хирурзи се чести предавачи и инструктори на најважните европски офталмолошки конгреси и едукатори во областа на рефрактивната хирургија (БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово).