Врвниот тим на Систина Офталмологија беше поканет да присуствува на овогодинешниот XI ти по ред Конгрес на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија, кој се одржа на 24 октомври 2015 година во Загреб и на кој учество земаа повеќе од 300 офтамолози од Хрватска и регионот, како и предавачи од цела Европа и САД. На конгресот беа претставени новитети од областа на Катарактата и рефрактивната хирургија, Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија, Медицинска и Хируршка Ретина, Глауком – дијагноза и терапија.

Д-р Златко Арнаудовски во улога напретседавач на секцијата за Катаракта и рефрактивна хирургијаодржапредавање на темата Хирушки третман на вродена катаракта (перде) и ги пренесе искуствата на Систина Офталмологија. Др. Билјана Костовска одржа предавање и ги пренесе искуствата од работата на Одделот за рефрактивна хирругија на Систина Офталмологија во рамките на Секцијата за Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија. Др. Фанка Гилевска доби награда за најдобар научен труд во секцијата Млади офталмолози, во конкуренција од 17 учесници од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. На конгресот присуствуваа и д-р Виолета Бучковска и д-р Илир Османи кои ги следеа презентациите и разменија корисни искуства со своите колеги.

Во рамките на конгресот, по трет патсе одржа „Live surgery”симпозиум во соработка со италијанскиот конгрес „Videocatarattarefrattiva” и нашата партнерска Универзитетска клиника Свјетлост од Загреб, со кој се овозможи пренос во живо на операции на имплантирање на најнови модели на мултуфокални и монофокални леќи директно во Милано. Универзитетската клиника Свјетлост беше наградена со “Best Live Surgery 2015” во конкуренција со најдобрите клиники во Милано, Каиро, Инстанбул и Букурешт, и на проф. д-р Никица Габриќ му беше доделена награда за животно дело.