Тест: Дали постои веројатност да сте кандидат за ласерска корекција на диоптрија?

Ласерската корекција на диоптрија се смета за најмодерна и најпопуларна интервенција за корекција на диоптрија. Таа трае само 10 минути односно 5 минути од око. По интервенција веднаш се оди дома само со очила за сонце. Целосно безбедна и безболна метода со која по 3 дена се враќате на секојдневните обврски.

Често нашите пациенти прашуваат дали се кандидати за оваа интервенција според нивната диоптрија и возраст. Поради тоа и го направивме овој тест, за да проверите дали според тоа што вие го знаете за вашата состојба, постои веројатност да сте потенцијален кандидат за ласерската корекција на диоптрија.

Сепак мора да ви напоменеме дека само на прегледот за ласерска корекција на диоптрија може реално да се утврди дали сте кандидат за оваа интервенција. Прегледот трае час до час и половина и освен диоптрија и возраст, се земаат предвид и други параметри на прегледот кои се прават со специјализирана апаратура (на пр. дебелина на рожница, стабилност на диоптрија, здраво око, кератконус итн.).