„Дојдов специјално од Белград во вашата болница, бидејќи знаев дека се препуштив на систем кој работи беспрекорно!“
„Еден ден по операцијата, иако веќе од вчера тоа беше така, јас немам никакви проблеми и гледам како со наочари, би рекол. “
„Изреката на д-р Златко Арнаудовски на вашата интернет страница: ‘Од сите права, најголемо е човековото право на вид.’ беше одлучувачка за да ја направам оваа интервенција во вашата болница.“
Додека разговоравме со Ислам за искуството на неговиот татко во нашата клиника и неговата состојба пред операцијата, во очите на Селим забележавме солзи радосници затоа што конечно гледаше многу добро.
Павица Богданов има 84 години и е доктор по интерна медицина. Кога прв пат забележува проблем со видот, таа почнува да бара клиника и доктор на кој може да му верува, кој ќе и овозможи вид на сите растојанија без да има потреба да носи очила.
Лазар Коцев има 74 години и направи операција на катаракта на десното око во нашата клиника пред извесно време. Операцијата е кратка, безболна и Лазар си отиде дома уште истиот ден со нов вид.
„Си одам од ‘Систина Офталмологија’ без срам и без перде!“ – беа зборовите на Игор Џамбазов кога замина од нашата болница.
На 2-ти август, ден кој е врежан во нејзиното сеќавање, наеднаш го губи видот. После посети на неколку болници, доаѓа кај нас и тука останува.
Љиљана Ѓошевска (53 год.) направи операција на катаракта (перде) на двете очи во нашата клиника. Катарактата кај Љиљана се развива како последица на нејзината состојба – лупус (автоимуна болест).