Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

„Тимот на ‘Систина Офталмологија’ ми помогна и покрај тоа што никој не сакаше да се нафати.“

Систина Офталмологија ми помогна
Д-р Фанка Гилевска и Јонуз Енес

Енес Јонуз (43 години) е наш пациент од Скопје кај кого како последица на системска болест и нејзиното долготрајно сложено лекување, настана неоваскуларизација на ретината со последичен оток на очниот нерв и макулата.

Му обезбедивме превоз до болницата и неговата очна состојба се подобри со анти-ВЕГФ третман.

„Апликацијата на анти-ВЕГФ (инјекција Ејлеа) ми помогна навремено да го спасам видот и да имам подобрување. Поради моите здравствени проблеми и терапијата која што ја примам, за жал, најмалку се фокусирав на оштетувањето на видот. Кога почнав да одам на прегледи во повеќе болници, не знаеја која е причината за појавување на очниот проблем и не сакаа да се нафатат да ми помогнат. Навечер и во услови на магловитост не можев да возам. Исто така, ми сметаа силни светла и се послабо гледав. Д-р Фанка Гилевска ме упати на дополнителни испитувања, се консултираше со тимот и конечно ги најдовме причината и решението за стабилизирање на мојата очна состојба. Сега сум одличен. За ‘Систина Офталмологија’ можам да кажам дека се број 1 во услуга и ефикасност. Докторката ми даде нејзин број и ми е достапна во секое време. Исто така, многу ми значи тоа што ми организиравте превоз до болницата и до дома, затоа што не можев да возам и не морав да го обврзувам брат ми да дојде со мене за да ме врати дома.“


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на заден сегмент.
1.900,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.