Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

Симница Зеќир (анти-ВЕГФ третман)

Д-р Илир Османи и Симница Зеќир

Кај Симница Зеќир (62 год.) беше откриен едем на макула поради кој неговиот вид беше влошен. Едем на макула е состојба на оток на делот од окото кој е одговорен за формирање на централната слика во видот. Оваа состојба, во зависност од нејзината сериозност, се третира со апликации на инјекции или со хирушка интервенција витректомија. Кај Симница состојбата се третира со апликација на инјекциите Elyea.

„За прв пат во 2016 година бев на основен преглед кај д-р Илир Османи, бидејќи имав проблем со алергија на очите. Се утврди дека всушност имам блефароконјуктивит односно инфекција и по употреба на терапијата што ми ја препиша докторот, состојбата се смири и се беше во ред. Во 2018 година ми се појави црвенило на окото, а јас мислејќи дека повторно во прашање е алергија, ставив од капките што ги поседував дома, без притоа да се консултирам со докторот и окото ми се смири. Но брзо потоа  кога бев на одмор со моите колеги од работа, секојпат кога ќе влегував или излегував од водата, чувствував болка во окото. Откако се вратив од одмор видов дека нешто не е во ред, и отидов на на преглед на кој ми потврдија дека морам да го проверам левото око. Откако ги направив сите потребни анализи, ми беше дијагностициран едем на макулата и ми рекоа дека треба да се третира со инјекции во окото. Во меѓувреме имав добиено и второ мислење од доктор од Германија, кој ми кажа дека ситуацијата е сериозна. Со оглед дека, од порано, имав многу добро искуство со д-р Илир, се јавив во „Систина Офталмологија“ и закажав термин. Кога дојдов овде, докторот ми ја кажа истата дијагноза и јас одлучив да продолжам со апликација на инјекциите Eylea, тука во „Систина Офталмологија“. По апликацијата на втората инјекција мојата состојба се подобри, но за да го зачувам видот и мојата состојба биде стабилна, денес сум тука за да ја примам десеттата инјекција. Докторот е професионалец во секоја смисла на зборот и сум многу задоволен.“