Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

„Прекрасно е чувството повторно да се види светот во една јасна кристална слика.” – Биљана Ристовска

„Прекрасно е чувството повторно да се види светот во една јасна кристална слика – без заматен вид, а притоа на себе да немаш ниту очила ниту контактни леќи. Благодарна сум на тимот на Систина Офталмологија, а посебно на сестра Весна Маџарова и оптометрист Вида, а најголема благодарност на д-р Билјана Костовска – за целата поддршка и нивната достапност 24/7 дури и надвор од работното време. За сите редовни контроли за кои секој пат беа детални и внимателни и секој пат со трпение ми објаснуваа што се случува за да можам да разберам.“ – започна да раскажува нашата пациентка Биљана Ристовска (27 год.) кај која проблемот со високата диоптрија беше решен со вградување на факични леќи

Биљана Ристовска

„Уште од 7 години не сакав да носам очила, иако имав диоптрија. Како што почна да расте диоптријата, така веќе јас морав да носам помагало за да можам јасно да гледам и да функционирам без проблем. Бидејќи ни под разно не сакав да носам очила, се одлучив за единственото решение што за мене беше возможно тој период – контактни леќи. Ги носев цели 11 години. Буквално ништо не гледав без нив. Бев среќна дека можам да носам контактни леќи, но тука се појави уште еден мал проблем – не можев да носам контактни леќи во боја поради висината на диоптријата која ја имав. И тој момент го прифатив и продолжив напред. Во наредните неколку години ми се случуваа секакви случки со контактните леќи, што сигурно им е многу познато на сите лица кои носат леќи: ги губев; ќе ми паднеше една леќа и ќе ми требаше помош од мајка ми да ја најдам каде е; чести инфекции на очите особено затоа што моите се многу чувствителни итн. 

Одамна се размислував за ласерската корекција на диоптрија. Една моја пријателка веќе ја имаше направено и ми ја објасни целата процедура. Но, со тек на време, бидејќи добро се снаоѓав со контактните леќи, го одложував моментот да дојдам на преглед. И кога ќе ми се случеше нешто со контактните леќи, како на пример нова инфекција, веднаш помислував да дојдам на преглед но некако и тоа не ми беше доволно за одлука. Дури и по убедувањата на сите околу мене (моите најблиски) јас се уште не можев да се решам. Пресекот да донесам одлука за преглед го направив во декември – добив внуче и сфатив колку ми е потребен видот за да можам да бидам од помош. 

Д-р Билјана Костовска и Биљана Ристовска

Дојде денот на прегледот за ласерска корекција на диоптрија. Се сѐ одвиваше како што треба, јас видно среќна и со нетрпение очекувам да го договориме датумот за ласерска корекција на диоптрија, кога д-р Билјана ми кажа дека јас морам да носам само очила некој период бидејќи контактните леќи ги носев 11 години без мирување и снимањата на рожницата покажаа дека мора да се почека пред да се донесе било каква одлука за самата интервенција. Не можам да ви опишам каква бура од емоции ми се случи во тој момент.

За мене карантинот беше период каде што конечно ставив очила на себе и ги одморив очите од контактните леќи. По само два месеци носење очила имаше позитивна разлика во испитувањата и всушност се покажа дека мојата рожница е тенка и јас сум кандидат за факични леќи. Д-р Билјана и Вида се убаво ми објаснија, дури и ми нацртаа само за да сфатам што се случува со мојата рожница и зошто овие леќи се подобро решение за мене.

Биљана Ристовска и мед. сестра Весна Маџарова

Пред една недела ја направив интервенцијата и се помина како што треба. Имав неизмерна поддршка од сите мои најблиски луѓе (знаете кои сте 😊). Можам да кажам едно нешто – навистина ми е криво што не се одлучив порано! Следниот ден по операцијата веќе видот почна да ми се стабилизира. Сфатив што сум пропуштила. Си го видов внучето без мака 😊 

Никогаш нема да залажам за мојата одлука што здравјето на своите очи им го доверив на Систина Офталмологија, а тие за возрат ми дадоа целосна и искрена грижа и свет полн со бои, растенија, луѓе, животни кои за мене претходно беа само заматени фигури. Среќата е неизмерна!“


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

*4.270,00
2.135,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.
*39.980,00
24.800,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.
*31.000,00
24.800,00

Имплантација на Verysize/Veryflex

Факична интраокуларна леќа во предна комора. Цената се однесува на едно око.
92.250,00

Имплантација на ICL

Факична интраокуларна леќа во задна комора. Цената се однесува на едно око.
110.700,00

*Акцијата важи до 31.08.2020 г.

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.