Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

„Не добив празно ветување дека може да го добијам посакуваниот вид.“- Павица Богданов

Павица Богданов има 84 години и е доктор по интерна медицина.  Кога прв пат забележува проблем со видот, таа почнува да бара клиника и тим на кои може да им верува, кои ќе и овозможат вид на сите растојанија без да има потреба да носи очила.

„Единствени очила кои ги имам носено во животот се само очила за читање. Јас уште возам, уште читам и одлично функционирам и кога забележав дека надалеку не гледав добро, почнав да се распрашувам за интервенција за корекција на видот. Бев претходно на друго место и ми објаснија дека ќе ми вградат леќа со која ќе гледам од 6 метри па натака, a помалку од тоа не. И јас прашав: ‘A за блиску тогаш како ќе гледам?’ И ми рекоја: ‘Со очила за блиску’. И не сакав!  Сакав да гледам без очила, затоа и сакав да вградам леќи со кои ќе го решам проблемот со видот, а не само едно растојание.

Се јавив во друга болница – пo телефон ми објаснија колку е цената, дека оди по нарачка, но се исплашив бидејќи не ми беа сигурни. Се јавив во Систина Офталмологија и сакав да разговарам со стручно лице и ме поврзаа со д-р Златко Арнаудовски. Му раскажав за мојот случај и докторот ми рече дека постојат мултифокални леќи со кои би гледала како што сакам, без очила, но ми потенцираше дека мора прво да се направи преглед за да видиме дали сум кандидат бидејќи не секој е кандидат за овие леќи. И мене тоа ми се допадна затоа што не добив празно ветување дека може да го добијам видот кој го сакам и дека според резултатите од прегледот ќе договориме се што треба за интервенција.

Го добив видот кој го сакав – гледам блиску, средина и далеку без помош на очила поради мултифокалните леќи. Можам да читам и да возам без проблем. Среќна сум и задоволна сум од мојата упорност која ме доведе кај вас и видот што го посакував.“


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за мултифокални леќи

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.
2.400,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.