Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

„После операцијата се чувствувам како од црно бел филм одеднаш почнувам да гледам HD филм во сите бои.“ -Розалија К. Василевска

Д-р Златко Арнаудовски и Розалија Карчицка Василевска

„После операцијата се чувствувам како од црно бел филм одеднаш почнувам да гледам HD филм во сите бои.“

Розалија Карчицка Василевска (50 год.) од Скопје го реши проблемот со катаракта со вградување на монофокална интраокуларна леќа и сега ужива во убавините на природата и без проблем ги обавува редовните работни обврски. Прочитајте за нејзиното искуство:

„Изреката на д-р Златко Арнаудовски на вашата интернет страница: ‘Од сите права, најголемо е човековото право на вид.’ беше одлучувачка за да ја направам оваа интервенција во вашата болница. И го користам зборот интервенција, а не операција затоа што навистина траеше 8 минути! Не можам да се изнагледам сега на бои, детали и немам потреба од очила. Проблемот со катаракта започна уште минатата година, но ми беше страв да ја решам. За време на оваа ситуација со коронавирусот, веќе почна видот да ми е поосетлив и да ми пречи работата на компјутер. Работам на проекти и ми е многу важно се да ми е навремено завршено. Почна да ми влијае и на карактерот – чувствував несигурност и ми беше незгодно да кажувам дека имам проблем, да не паднам или да се сопнам итн. Година дена се мислев и ми е криво што не ја направив интервенцијата порано. Без разлика на тековната ситуација, јас ја направив интервенцијата во Систина Офталмологија бидејќи знаев дека се преземени сите мерки на безбедност и дека сум во сигурни раце. Благодарение на таа доверба, ја доведов и тетка ми за истата интервенција и двете сега гледаме во HD.“


Совет за првичен преглед и/или дијагностика со Предоперативен преглед за катаракта:

Предоперативен преглед за катаракта (перде)

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

2.400,00

Ехографија/биометрија

1.200,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.
1.900,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.