Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

„На операцијата ми беше многу интересно и лесно, се забавував како во диско!“ – Зрна Гарич

zrna-garic-sistina-oftalmologija-laserska-korekcija-dioptrija
Д-р Билјана Костовска и Зрна Гарич

Нашата драга пациентка Зрна Гарич (36 години), од Тузла, Босна и Херцеговина ни ги довери своите очи и сега лесно гледа без очила и контактни леќи. За нејзе беше ова вистинско олеснување, затоа што контактните леќи и беа проблем во секојдневниот живот, а особено при планинарење. Ова е нејзиното позитивно искуство:

„Интервенцијата беше прелесна и брза. Во операционата сала, и пред тоа имав
инструкции за сѐ од д-р Костовска, знаев што ми прави и затоа немав никаков страв. Уште утредента јас гледав одлично! Сега, сопругот се шегува со мене: ‘Ајде прочитај го она надалеку’. Интересно ми да читам сѐ што не сум можела претходно да го прочитам и видам. Дојдов во jануари на преглед за ласерска корекција на диоптрија, ја следеа мојата состојба и конечно добив одобрување дека сум подготвена во јули. Морав да се решам конечно да ја направам затоа што очила носам веќе од основно училиште. Проблем ми беа особено и контактните леќи кои морав да ги носам на планинарење со мене. Покрај цел товар на мене, морав да мислам и на хигиената на очите. Носев два пара контактни леќи, течности за нив, очила за секој случај – ми беа многу голема обврска. Имам доверба во докторката и тимот на ‘Систина Офталмологија’, затоа и ситуацијата со коронавирусот не ми беше пречка да дојдам да ја направам сега интервенцијата – знам дека сѐ е преземено по протоколи и мерки за заштита. Овде е толку сигурно, уредно и се чувствува таа позитивна енергија и хармонија!“


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.
*4.270,00
2.135,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК


Цената се однесува на едно око.
39.980,00
24.800,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.
31.000,00
24.800,00

*Акцијата трае до 31.11.2020 година.

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.