Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

„Ги отворив очите и гледав кристално јасно!“ – Љиљана Ѓошевска

Љиљана Ѓошевска и д-р Златко Арнаудовски

Љиљана Ѓошевска (53 год.)  направи операција на катаракта (перде) на двете очи во нашата клиника. Катарактата кај Љиљана се развива како последица на нејзината состојба – лупус (автоимуна болест).

И кај лицата со автоимуна болест може да се направи интервенција на очната состојба/болест. Потребно е само да се направи очен преглед.

„Веќе неколку години како ми е дијагностициран лупус поради кој имам здравствени проблеми. Меѓу другото, дијагностицирана ми беше и катарката (перде) и поради дијагнозата на лупус не знаев дали можам да направам операција на катаракта и кој тоа најдобро би го направил. Слушнав преубави зборови со препорака за д-р Златко Арнаудовски и без размислување веднаш дојдов кај него на интервенција. Кога заврши интервенцијата докторот ми рече: ‘Готово, заврши интервенцијата, сега може малку матно ќе гледаш, но не се секирај брзо ќе се избистри.’ Ги отворив очите, но јас гледав кристално јасно! Во себе си помислив која сум јас да противречам, а може е и нешто моментално, дај да почекам па да видам. На огромно мое задоволство и до ден денес гледам исто – кристално јасно!“


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Предоперативен преглед за катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.
2.400,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на заден сегмент.
1.900,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.