Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

„И покрај опциите кои ги имам во Лондон, ја одбрав токму Систина Офталмологија“ -Катерина Смугреска

Д-р Фанка Гилевска и Катерина Смугреска

Катерина Смугреска (34 години) од Лондон, и покрај целата ситуација со коронавирусот дојде дома само за да направи ласерската корекција на диоптрија и се врати назад насмеана и среќна и најважно – без очила! 

„Во вашата болница го добив третманот и видот кој одамна ги посакував! Д-р Фанка Гилевска и тимот сѐ направија да биде толку лесно, професионално и сигурно. Планирав да ја направам ласерската корекција на диоптрија – читав и истражував, но опциите кои ги имав во Лондон не ми одговараа. Контактирав личност од вашиот тим која ми ја објасни целата процедура, колку време треба да сум во Македонија и ми значи што ми беше поддршка во целиот процес на лекување. Знаев дека веќе тука се работи за сериозна болница. Очилата ги носев веќе од 18 години, ми пречеа при возење, секојдневни активности, а особено периодов и на работа поради носењето на целата заштитна опрема ми се маглеа. Носењето на леќите не ни беше добра опција, зашто ми ја гребеа рожницата и ми правеа дополнителна сувост на очите. Искрено, среќна и благодарна сум што веќе нема да имам вакви проблеми и топло ве препорачувам на мои познаници. Се вратив безбедно назад и едвај чекам да дојдам пак наредната година за да го посетам и поздравам овој прекрасен тим.“


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

*4.270,00
2.135,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.
*39.980,00
24.800,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.
*31.000,00
24.800,00

*Акцијата важи до 30.09.2020 г.

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.