Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

Донка Типоска Настова (вградување на факични леќи)

Д-р Фанка Гилевска и Донка Типовска Настова

Донка Типовска Настова (34 год.) ни доаѓа од Тетово. Таа e една од добитничките на бесплатен преглед за ласерска корекција на диоптрија. Поради многу висока диоптрија која не може да се корегира со ласерска корекција, на Донка и беше препорачано вградување на факични леќи. И така на 29-ти јуни, како што и самата вели, ја разбуди другата во себе 😊

„Мојата приказна за носење на очила започна уште пред 20 години, во пубертетските денови кога имав само 14 години. Иако за многу мои соученици, пријатели, роднини носењето очила претставуваше хендикеп, за мене тоа не беше така. Си ги носев со задоволство, па дури и на сите важни животни настани како матура, дипломирање и мојата свадба 😊 Е сега, кога дојде на ред потомството тогаш се појави и проблемот. После моите две бремености, диоптријата многу се зголеми. Мојот – 1 и -1.50 неколкукратко се зголеми, а веќе бев мајка на две дечиња на кои им треба секојдневно внимание: да им читаш, да им ги бараш изгубените коцки низ станот, да ги шеташ низ парк и сл. И така, секојдневно, следејќи ја страната на ‘Систина Офталмологија’ и гледајќи ги нивните реклами на ТВ, добив желба да ги посетам но и тоа го одолговлекував. Се до моментот кога на нивната фејсбук страна објавија пост на кој доделуваа бесплатни прегледи за ласерска корекција на диоптрија. Онака, со неверување, се приклучив на доделувањето така што коментирав според инструкциите наведени во постот и за неколку дена ми стигна порака дека јас сум една од петте добитници на бесплатен преглед! Тука беше мојот пресврт во животот. Отидов и го направив прегледот кај сега веќе ‘мојата’ д-р Фанка Гилевска. Констатиравме дека диоптријата е висока и дека за мене соодветна опција е корекција на диоптрија со вградување на факични леќи. На мене беше да се одлучам дали ќе го продолжам животот со очила и главоболки или ќе го решам еднаш засекогаш! Така и се случи. На 29-ти јуни оваа година, ја направивме интервенцијата и се разбуди другата во мене. Баш така, за само 10 минути јас гледав буквално се околу мене без помош на очила. Тоа беше просто неверојатно, но вистинито. Затоа од срце сум благодарна на целиот тим на ‘Систина Офталмологија’ и на мојата д-р Фани, која несебично ме поддржуваше и беше достапна за мене во било кое време. Мој совет до сите ваши пациенти и идни кандидати за ласерска корекција на диоптрија или друга метода за корекција на диоптрија: да се решат, да си го победат стравот, да го направат тој чекор бидејќи луѓе верувајте после само неколку минути светот се гледа со други очи!.“