Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

Ана Петрушевска (операција на катаракта)

„Го решив проблемот со катарактата за време на оваа ситуација“. – Ана Петрушевска

Во услови на COVID -19 дел од нашите пациенти не се во можност да дојдат во нашaта болница заради различни причини и така не успеваат да ја добијат потребната медицинска грижа. За да може да останеме во комуникација со нашите пациенти и да обезбедиме континуитет во медицинската грижа развивме неколку алатки, меѓу кои и сигурен и безбеден превоз.

Возилото е обезбедено според сите протоколи за безбедност и услови на работење во овој момент, според најстроги правила за дезинфекција и безбедност на патниците.

Еве какво искуство имаше Ана Петрушевска од Скопје, една од нашите пациенти, која го користеше нашиот превоз.

“Овие три дена по операцијата на катаракта со интраокуларна леќа, гледам одлично. Се чувствувам како нова благодарение на д-р Костовска и целиот тим. Знаев дека се работи за сериозна болница, ама тоа дополнително што го направија, а не мораа, многу ми значеше. На денот на операцијата ми организираа превоз од дома до болницата, кој беше посебно чист и со сите мерки за дезинфекција. Навистина се чувствував посебно! Не очекував таков гест. Иако на денот на операцијата бев исплашена, ваквиот професионалeн и грижлив пристап на вработените во ‘Систина Офталмологија’ ми помогна многу. Веќе подолго време имам проблеми со диоптрија, како и со покачен очен притисок но го третирам со терапија. Ме оптеретуваше гледањето телевизија и далеку кога гледав. На крајот на 2019-та год. ми открија дека имам и катаракта и ме упатија кај д-р Костовска и тимот во ‘Систина Офталмологија’. Во февруари требаше да ја оперирам катарактата – знаев што порано тоа подобро за мојот вид. Сепак морав да почекам да се стабилизират малку мерките и состојбата за коронавирусот за да ја направам операцијата. Тоа и го направив во овој момент и драго ми е што се обратив кај вашиот тим на кој му верувам.“ – раскажа Ана.


  • Прегледите и интервенциите во нашата клиника се одвиваат непречено согласно протокол и соодветни мерки за заштита на нашиот персонал и нашите пациенти.
  • Работното време: Понеделник – петок од 08:00 до 16:00 часот.